Раководител на ЈП пишувал дневници на вработен додека извршувал приватни работи
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 15:02
Раководител на сектор во Јавно претпријатие од Радовиш го оштетил претпријатието за 5.000 евра, пишувајќи дневници за полно работно време на вработен, додека извршувал приватна дејност.
Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(44) од Радовиш за сторено кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2016 и 2017 година, пријавениот, како раководител на сектор во ЈП „Плаваја“ - Радовиш, во повеќе наврати, во платните списоци и дневните евиденции за вработениот Р.М. евидентирал полно работно време, додека извршувал приватна дејност утовар, превоз и истовар на дрвни сортименти. Со ова пријавениот му овозможил на Р.М. да се стекне со противправна имотна корист од 325.000 денари на штета на ЈП „Плаваја“ – Радовиш.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“




