Рама за косовските полицајци: Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку Србија не ги пушти
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2023
Ако Белград не ги ослободи косовските полицајци, Албанија ќе ги залади односите со Србија, се закани албанскиот премиер Еди Рама.
Тој предупреди дека ќе има „заладување“ на билатералните односи со Србија доколку Белград не ги ослободи тројцата уапсени косовски полицајци. ТВ Кланкосова објави дека Рама изјавил дека Србија „киднапирала“ тројца косовски полицајци кои беа уапсени минатата недела кога влегле на територијата на централна Србија.
„И да ја минеле граничната линија не сториле никакво кривично дело. Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку Србија не ги пушти“, изјави албанскиот премиер.
Албанскиот премиер оцени дека ситуацијата на северот на Косово дополнително ќе се влоши доколку косовскиот премиер Албин Курти „истрае на барањата на сојузниците“ за деескалација.
„Од друга страна, ако нема деескалација, голем губитник ќе биде Косово – затоа што Србија можеби повторно нема да може да живее без изолација! Се плашам дека колку повеќе Албин инсистира да им се спротивстави на сојузниците, ситуацијата може да се влоши, враќајќи го КФОР повторно на работа“, рече Рама.
Инаку, во Косово последниве денови косовски полицајци истепаа две млади деца, момче и девојче, а имаше и апсења на Србин за напад на новинарска екипа. Односите меѓу Србија и Косово се затегнати.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.