19 Декември, 2025
0.0393

Раното гласање и изборите во дијаспората се мирни според ДИК

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016 14:30

Добивај вести на Viber

Сите гласачки места на територијата на Австралија, Азија и Европа се отворени навреме и гласањето се одвива во најдобар ред, истакна Љупка Гугучевска од Државната изборна комисија, додавајќи дека ДИК е во постојана комуникација со избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето и досега не се пријавени никакви проблеми.

Гугучевска посочи дека денес гласаат и избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во казнено-поправните установи, потенцира, своето избирачко право ќе можат да го остварат 2.015 гласачи.

„Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. Во текот на денешниот ден ќе гласаат и тие кои се наоѓаат во центрите за внатрешно раселени лица, а такви гласачи има вкупно 13. Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Македонија ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни или се во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известување со соодветната документација. Во своите домови избирачкото право ќе го остварат вкупно 5.746 гласачи“, рече таа.

Гласачките ливчиња треба да бидат обележани исклучиво со заокружување на редниот број пред подносителот на листата, заокружување на симболот на подносителот на листата или на целиот назив на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Гугучевска рече дека ливчињата обележани на поинаков начин ќе се сметаат за неважечки.

„Интересот за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми е голем. ДИК издаде акредитација за набљудување на 7.585 домашни, 667 странски набљудувачи, 354 преведувачи и 75 странски новинари“, рече Гугучевска и додаде дека ги потсетуваат сите акредитирани набљудувачи дека ДИК има донесено кодекс за набљудување на изборите и ги повикува сите доследно да се придржуваат до него.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината