02 Мај, 2024
0.0287

Раскажете ја вашата приказна!  

Објавено во: Економија, Колумни 24 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Секоја компанија или институција има одредена интересна приказна, која доколку е добро раскажана може да предизвика внимание во јавноста, и да придонесе кон креирање позитивен имиџ. Улогата на ПР професионалците е во комуникација со клиентот да ги пронајде тие приказни, да ги пренесе на хартија на најдобар начин и да ги објави. Станува збор за т.н. тематски едиториали (едукативни, актуелни содржини и информации) кои би можеле да бидат интересни за пошироката публика, поради што и медиумите би сакале да ги објават. Успешноста на ПР професионалците е токму во креативноста и капацитетот да препознаат и креираат интересни и објективни содржини кои сите ќе сакаат да ги прочитаат, и кои ќе предизвикаат т.н. word of mouth ефект.  Тоа е причина дури и рекламните агенции се почесто да ги заменуваат класичните банери со продукција на нестандардни содржини (најчесто вирални видеа) со цел да предизвикаат интерес и интеракција со публиката. ПР професионалците за да предложат нешто ново континуирано треба да вложуваат во нови знаења и вештини и постојано да истражуваат, се со цел материјалите кои ги креираат да добијат на тежина, кредибилитет и актуелност. Често тие и самите иницираат истражувања, го антиципираат и анализираат јавното мислење , со цел да извлечат заклучоци што ќе послужат како основа за подготовка на материјали кои потоа ќе бидат интересни за читање. Добрите текстови (приказни) базираат на релевантни извори, истражувања, вклучуваат мислење на трети страни. ПР-от e инвестиција во идната вредност на една компанија или поединец! Вмрежувањето со луѓе, воспоставувањето на професионални и пријателски врски со експертската јавност, со новинари, невладини организации е  подеднакво важна активност која треба да обезбеди полесно, побрзо и пошироко пренесување на пораката до пошироката јавност. Медиумскиот бизнис се менува, поради што и ПР-от се менува.! Се помалку потрошувачите читаат печатени медиуми и гледаат ТВ, а информациите ги примаат онлајн. Токму поради тоа професионалците се ги користат дигиталните канали за да воспостават комуникација со нив. Притоа треба да имаат оптимална динамика, независно од формата, односно дали тоа ќе биде: интерна комуникација во рамките на компанијата (Newsletter), дали станува збор за објави на веб или на фејсбук страната, на различни тематски блогови,  на експертски конференции и семинари, или пак на медиуми. Нивната задача е да ги изберат вистинските теми, да дефинираат клучни зборови и содржини кои ќе бидат во фокусот, а за што ќе проценат дека позитивно ќе влијаат на имиџот и репутацијата. Колку поквалитетни и поиздржани содржини се креираат, толку почесто компанијата ќе биде присутна во јавноста на релевантен начин, и ќе има можност да се постигне некакво влијание. Таквите содржини ќе овозможат името на компанијата почесто да се наоѓа на насловната страна на пребарувачи како yahoo, google..Во Америка т.н. search engine optimization content како техника се повеќе е интегриран во медиумските и ПР активностите, како ефективна алатка, а во блиска иднина и кај нас. Добрата ПР агенција е стратегиски партнер кој му помага на клиентот да комуницира успешно со својата публика. Од нивото на воспоставена доверба, зависи и квалитетот на ПР услугите. Компаниите и поединците ангажираат агенција за односи со јавност кога сакаат да го заштитат, подобрат и изградат својот имиџ и репутација, и тоа најчесто преку медиумите. ПР професионалецот ја анализира компанијата, ги открива позитивните и интересни информации и ги претвора во позитивни медиумски приказни. Кога има лоши вести, агенцијата треба брзо да реагира да ја намали штетата и во најдобар случај да ја спречи (а за да ја спречи треба да биде информиран од својот клиент уште пред нејзиното настанување), бидејќи недостигот на брз и добар одговор за време на криза, обично резултира со паѓање на вредноста на компанијата. Многу компании преземаат големи ризици со тоа што не планираат ПР активности и не ги тестираат своите стратегии, заборавајќи дека кризата може не само да ја оштети компанијата, туку истата и да ја затвори. ПР агенцијата поставува цели, дефинира целна група, планира тактика, дефинира буџет и имплементира различни ПР техники. Подготвува и дистрибуира соопштение, спрема интервју, креира промоција преку социјалните медиуми, го советува топ менаџментот по различни прашања итн. Затоа односот агенција-клиент не треба да биде пасивен. Клиентот треба постојано да ја информира агенцијата за сите активности и планови, чин кој е од негов интерес, како инвестиција во долгорочно подобрување на репутацијата и имиџот. Совет за оние кои се мислат дали да започнат со ПР активности и дали да ангажираат агенција: стартувајте веднаш! Прашањата од типот: дали ни требаат ПР активности; да не бидеме погрешно сфатени; да не испадне дека само се фалиме; се прашања од минатиот век, за оние кои се задоволуваат со просечност. ПР користат успешните! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија