22 Ноември, 2024
0.5970

РАСПЛЕТОТ ПОЧНУВА: Обвинетите за крвавиот четврток не чувствуваат вина

Објавено во: Македонија 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

 Случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, како еден од најголемите кривично правни настани за македонското судство, но воедно и како еден од најголемите политичко-правни предизвици што треба да покажат дали Македонија се реформира во правна држава, од минатата недела полека почна да навлегува во својата правна разврска.

Веќе четири дена во Кривичниот суд во Скопје се слушаат изјави на обвинителството, обвинетите и нивните застапници. Сите обвинети, од кои 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок  и двајца за помагање, досега се изјаснија дека не чувствуваат вина. 

Прашани директно и поединечно од судијката Добрила Кацарска. дали чувствуваат вина, сите, до еден, одговорија дека немаат никаква вина. Воведни зборови претходно дадоа и адвокатите на обвинетите кои рекоа дека ваквото обвинение треба веднаш да се повлече и констатираа дека нема докази за обвинителниот акт. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Тие посочија и дека „судот не нашол за сходно да повика рочиште за проценка на обвинителниот акт“. Адвокатите на пратениците рекоа дека тие се товарат за тероризам врз основа на искажани зборови.

Судскиот процес почна со воведен говор на обвинителката Вилма Рускоска, која истакна дека ОЈО обезбедило докази со кои ќе ги потврди наводите за стореното кривично дело. Според неа, нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија.

-Напаѓачите, кои се на обвинителна клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски-Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите, биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос, со што ги погазија уставните начела и принципи. Групата „За заедничка Македонија“, пак, имала задача со потпалувачки говори да ја повикаат масата кон Собранието, истакна Рускоска во нејзоното излагање.

Три од четирите рочишта, кои Кацарска ги води под целосна контрола, траеа по шест-седум часа, освен вчерашното кое, изненадувачки за присутните во судската сала, беше прекинато по само еден час од расправата и презакажано за 31 август.

На продолжението, в петок, предвидено е да се сослушаат сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски, предложени од обвинителството

На обвинителната клупа се пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, уметници...... 

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР