Добивај вести на Viber
Стапката на невработеност во Бугарија за месец јули изнесува 10,8%, или за 0,1 процент е повисока од месец јуни. Во споредба со јули 2012 година невработеноста во Бугарија останува на исто ниво соопштија од Агенцијата за вработување.
Во Агенцијата за вработување се регистрирани 355 039 невработени додека вкупно 18 207 невработени почнале со работа во јули 2013 година. Од нив на примарниот пазар се вработиле 12 920 лица, што е за 1 480 лица повеќе во споредба со истиот месец претходната година.
Со програмите за вработување преку Оперативната програма "Развој на човечките ресурси" се вработиле 5 121 лица , а по иницијативата на Законот за поттикнување на вработувањето - 166 невработени се избришани од списокот , јавуваат бугарските медиуми.
Најмногу слободни работни места според Агенцијата за вработување има главно во сезонските работи- од преработувачката индустрија (3 336), од трговијата (1 971), од хотелите и рестораните (811) и од градежништвото (709).