РАСТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - повисоки цените имаат и нафтата и златото
Објавено во: Финансии 11 Јули, 2024 11:52
Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, а берзите истовремено забележаа и скок на цените на нафтата и златото.
Во мај, економијата на Велика Британија порасна над очекувањата, поточно за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, охрабрувајќи ги инвеститорите, пишува Гардијан.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.433,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.215,53 поени, францускиот CAC 40 на 7.619,99 поени, додека московскиот MOEX порасна на 3,215.91 поени.
Исто така и вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.721,36 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.633,91 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.647,45 поени.
Според податоците на берзите, цената на нафтата од типот „ брент“ утрово се зголеми за 0,42 проценти и се продаваше по 85,47 долари за барел.
Цената на златото исто така се зголеми и тоа за 0,33 отсто на 2.380 долари за унца.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





