05 Декември, 2024
0.0258

Растат приходите од камати и во категоријата „средни“ банки!

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Повеќето од банките кои спаѓаат во категоријата „средни“ во работењето во првото тромесечје од годинава искажуваат загуби, но кај речиси сите банки се забележува раст на приходите од камати. Освен ТТК Банка каде има благ пад на приходите од камата, Стопанска банка–Битола, УНИ Банка и кај Охридска банка приходите по овој основ растат, и сите банки заедно инкасирале – 7,2 милиони евра. И покрај тоа што имаат раст на приходите од камати банките прикажуваат загуба, поради оштетување на нефинансиските средства, а во согласност со одлуката на Народната банка за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. Односно, во согласност со одлука на НБРМ, банките не можат во своите биланси имотот кој е преземен по основ на ненаплатени побарувања постојано да го прикажуваат со иста вредност, иако тие со години не можат да го продадат. Со оглед на остварените финансики резултати од работењето банките во следниот период најавуваат преземање на интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземениот имот за да се подобрат финансиските резултати, штон сето заедно најавува консолидација и на банките од оваа група. Охридска банка со добивка од 1 милион евра Во првите три месеци од годината Охридска банка има добивка од 1 милион евра, за разлика од лани во истиот период кога добивката на банката изнесувала 448 илјади евра. Банката бележи раст на приходите од камати и благ пад на приходите од провизии. Нето-приходите од камати во првото тромесечје од годинава имаат раст за 6,23% споредено со истиот период лани. Растат и каматните приходи, но и каматните расходи. „Зголемените каматни приходи се резултат на зголемената активност и зголемената просечна состојба на кредити додека каматните расходи се зголемени како резултат на каматните трошоци за зголемените депозити на население и каматни трошоци за зголеменото финансирање од меѓународните финансиски институции. Во нето приходите од камати е вклучен и позитивниот ефект од наплата на сомнителни и спорни побарувања од камати во нето износ од 19,7 милиони денари“, стои во објаснувањето од банката Прво тромесечје         2014 година                2013 година Приходи од камата                 6,1 милиони евра         5,8 милиони евра Расходи за камата                   2,7 милиони евра         2,6 милиони евра Нето-приходи од камата        3,4 милиони евра         3,2 милиони евра Охридска банка има намалување на нето-приходите од провизии и надоместоци. Односно во првите три месеци по овој основ банката инкасирала 831 илјади евра, за разлика од истиот период лани кога инкасирала 905 илјади евра. „Тоа е резултат на зголемените трошоци од провизии, а  најмногу поради провизиите за СГ гаранциите во март 2014 и истовремено зголемените трошоци за провизии од Mastercard и Visa. Во делот на приходите од провизии забележана е позитивна динамика на приходите од провизии од население, како и приходите од провизии за издадени гаранции. Во вкупните приходи од провизии и надоместоци со 69,1% учествуваат приходите од корпоративни клиенти, 23,5% од физички лица и самовработени, додека пак 7,4% се провизии од финансиски институции ( вклучувајќи ги тука и провизиите од Вестерн Унион и картично работење), објаснуваат од банката. Нето-приходите од курсни разлики имаат намалување, но реализацијата во тековната година е во целот во согласност со планираните. Другите приходи се зголемени и во нив е вклучена реализираната капитална добивка од продадената екпозитура и средство преземено врз основа на ненаплатени побарувања. Во 2014 година алоцирани се 86 илјади евра за исправка на вредноста на нефинансиските средства. Стопанска банка–Битола со раст на приходите од камати Стопанска банка-Битола, во првото тромесечје од годинава има минус од 1,5 милиони евра. Банката лани во овој период имаше негативен финасиски резултат од 509 илјади евра. „Ваквиот резултат се должи на издвоена загуба поради оштетување на нефинансиските средства согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, како и помалиот износ на ослободена исправка на вредност на финансиските средства на нето основа,“ објаснуваат од банката. За подобрување на финансиските резултати  од банката најавуваат дека ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. При тоа потенцираат дека и во идниот период ќе се настојува да се одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии за да се  подобрува финансискиот резултат и покрај неповолната економска состојба во земјата и светот како последица на светската финансиска криза. Сепак дека банката оди кон консолидација покажуваат приходите од камати, Стопанска банка-Битола во првото тромесечје од годинава има раст од 18,94% на нето приходите од камати при што приходите од камати се зголемени за 9,37%, а расходите за камати се пониски за 2,37%. Оваа состојба од банката ја објаснуваат како резултат на зголеменото бруто кредитно портфолио и подобрената квалитативна структура на истото следствено на наплатата на дел од нефункционалните кредити. Прво тромесечје                 2014 година                 2013 година Приходи од камата              1,3 милиони евра       1,1 милиони евра Расходи за камата                  522 илјади евра          534 илјади евра Нето-приходи од камата       778 илјади евра          655 илјади евра Банката во истиот период регистрирала и раст на нето-приходите од провизии за 28,92%, при што објаснуваат дека тоа е резултат на зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците. Нето–приходите од провизии во првото тромесечје од годината изнесува 345,7 илјади евра, за разлика од лани во истиот период кога приходите од провизии и надоместоци изнесувале 268,1 илјада евра. Останатите приходи од дејноста се скоро шест пати повисоки од остварените во првиот квартал од 2013 година што главно се должи на капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот. УНИ Банка приходите од камати бележат раст од 19 % Универзална инвестициона банка-УНИ Банка, во првото тромесечје од годинава е во минус од 387 илјади евра, за разлика од лани кога загубата на банката изнесуваше 270 илјади евра. „ Во услови на остварени повисоки вкупни приходи за 19,13% во однос на истиот период лани, загубата беше резултат на оштетувањето на нефинансиските  средства кое беше направено на 01.01.2014 година во износ од 47,2 милиони денари а согласно измените во законската регулатива, објаснуваат од банката. Банката бележи раст на нето-приходите од камати за 19, 9%. Односно лани нето приходите на банката во првото тромесечје изнесувале 1,6 милиони евра, додека годинава изнесуваат 1,9 милиони евра. При тоа има намалување на приходите од камата, но има тренд и на намалување на расходите за камата. Прво тромесечје                2014 година          2013 година
  • Приходи од камата                2,7 милиони евра         2,9 милиони евра
  • Расходи за камата                     778 илјади евра         1,3 милиони евра
  • Нето-приходи од камата      1,9 милиони евра           1,6 милиони евра
Во првите три месеци од годината. банката има раст на нето-приходите од провизии за 14,7%. Односно во првото тромесечје од годинава нето приходите од провизии изнесуваат 612,5 илјади евра, додека пак лани во истиот период изнесувале 533,9 илјади евра. „Ефектите од креирањето на нови пакети на услуги и продукти , воведувањето на  електронско банкарство, унапредувањето на е-трговија се одразија и во остварувањето на нето приходи од провизии и надоместоци“, објаснуваат од банката. ТТК Банка забележа загуба и намалување на приходите од камати ТТК Банка во првите три месеци од годината има загуба од 928 илјади евра, за разлика од лани во истиот период кога била во добивка од 210 илјади евра. И покрај тоа што банката има подобрено оперативно работењет, сепак искажан е нефативен финансиски резултат, што од банката објаснуваат дека   произлегува од скоро истоветниот износ од 928 илјади евра како резултат на загубата поради оштетување на нефинансиските средства согласно Одлуката од НБРМ за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања. „Банката во наредниот период ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземениот имот како и контрола на трошоците со цел анулирање на негативниот финансиски резултат од работењето во првото тромесечие од оваа година. Банката има пад на нето-приходите од камата, а благ раст на нето-приходите од провизија и надоместоци. Нето-приходите од камата на банката во првото тромесечје изнесуваат 1,2 милиони евра, додека пак лани во истиот период изнесувале 1,3 милиони евра. „Во тековниот период Банката оствари нето оперативен приход од редовно работење пред исправка на вредност од нефинансиски и финансиски средства во износ од 505 илјади евра. При тоа структурно, остварените нето приходи од камати бележат намалување за 8,6% во однос на истиот период од минатата година пред се како резултат од постојаното намалување на активните каматните стапки и пониската наплата на претходно отпишаните побарувања по основ на камати, стои во објаснувањето на банката. Прво тромесечје                    2014 година                2013 година
  • Приходи од камата                1,7 милиони евра       2 милиони евра
  • Расходи за камата                    500 илјади евра        655 илјади евра
  • Нето приходи од камата           1,2 милиони евра      1,3 милиони евра
Банката има раст на нето-приходите од провизја и надоместоци, за 1,6 % што се должи на  зголемениот обем на кредитни работи и активности во платниот промет. Нето-приходите од провизии на банката изнесуваат 462 илјади евра, доека лани во првото тромесечје изнесувале 455 илјади евра. „Банката има приходи по основ на капитална добивка од продажба на преземени средства што придонесе за зголемување од 88,7% на останатите приходи од дејноста. Целиот нето оперативен приход беше наменет за покривање на исправката на вредност на финансиските средства, како резултат на конзервативниот приод при оценка на кредитниот ризик. Кредитното портфолио покажа послаби финансиски резултати со што се наметна потребата за дополнително издвојување на резервации како последица на дополнителните реални и системски покривања на кредитните ризиците од работењето со правните и физичките лица во износ од 30,9 мил.“, стои во објаснувањето на банката.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра