08 Октомври, 2024
0.0267

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ГАЗА: Загинаа над 27.000 Палестинци

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Повеќе од 1.100 Палестинци се убиени во Газа откако Мeѓународниот суд му нареди на Израел да спречи геноцид. 

Бројот на убиените Палестинци во израелската офанзива на Појасот Газа, која трае скоро четири месеци, надмина 27.000, додека 66.000 луѓе се ранети, соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.

Бројот на убиени се зголеми за повеќе од 1.100 откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг пред една недела му нареди на Израел да стори сé што може за да спречи убивање, разорување и каков било чин на геноцид врз Палестинците во Газа.

Израел ги негира обвинувањата за геноцид, изнесени од Јужноафриканската република која поднесе тужба во Хаг и вели дека се бори да го уништи палестинското милитантно движење Хамас.

Од почетокот на војната досега се убиени 27.019 Палестинци, а 66.139 се ранети. Не беше прецизирано колку жени и деца се убиени, но претходно е соопштено дека тие сочинуваат две третини од жртвите.

Палестинското Министерство во извештаите за убиените не прави разлика меѓу цивили и борци. Израел тврди дека илјадници екстремисти на Хамас се убиени во војната. Војната започна со упадот на стотици палестински екстремисти предводени од Хамас во јужен Израел на 7 октомври, кога беа убиени 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 заложници беа однесени во Газа.

Израелската војска денес се повлече од делови на градот Газа и гувернератот Северна Газа првпат од почетокот на нејзината копнена офанзива на 27 октомври. 

Генералниот комесар на Палестинската агенција за бегалци (UNRWA), Филип Лазарини денеска изјави дека УНРВА најверојатно нема да работи во Појасот Газа и ширум Блискиот Исток до крајот на февруари, доколку и понатаму е суспендирано финансирањето од клучните донатори. Шеснаесет 16 држави донатори одлучија да ја прекинат финансиската поддршка по израелските тврдења дека 12 вработени во УНРВА учествувале во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври. Агенцијата оттогаш отпушти девет вработени.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист