29 Март, 2024
0.0266

Расте довербата за вложување во инвестициски фондови

Објавено во: Финансии 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Позитивните резултати од минатата година покажуваат потенцијал 2020 година да биде уште една успешна година за инвеститорите на македонскиот берзански пазар, особено што во последните години пазарот покажува стабилизација и резистентност на домашните политички случувања. На редовната годишна инвеститорска средба на Илирика фунд менаџмент од Скопје, која се одржа во Стопанската комора на Македонија, главниот извршен директор Коста Костадиновски потенцираше дека 2019 година за берзата била позитивна година, а тоа се одразило позитивно за клиентите и за Друштвото кое функционира на македонскиот пазар.

Друштвото за управување со фондови Илирика фунд менаџмент, за прв пат од своето основање, го надминаа прагот од 20 милиони евра вкупни средства под управување, додека брокерското друштво е број 1 брокер на Македонската берза за 2019 година со пазарен удел од 25 проценти. Практично, за клиентите ова се одразува преку приносите на Илирика Југоисточна Европа кои во 2019 година изнесуваа 13 отсто, додека на Илирика Глобал – Растечки Пазари достигнаа 19,44 проценти.

„Сите наши параметри укажуваат на позитивни услови за понатамошен раст на активностите. Средствата под управување во фондовите бележат пораст од 50% во однос на состојбата од  2018 година, што е показател дека значајно се зголемува довербата во инвестициските фондови и довербата во нашата институција. И се разбира, расте и потребата од вакви производи во овој контекст на ниски каматни стапки, особено што на самиот почеток на годинава, НБРМ ја намали стапката и за прв пат во историјата, референтната каматна стапка е 2 проценти. Има пораст и на средства под управување на услугата индивидуално управување со портфолио за сметка на клиент и кеш фонд од преку 50 отсто. Со што вкупните средства под управување, за прв пат од основањето на друштвото го надминаа прагот од 1,2 милијарди денари, односно 20 милиони евра. Најголем дел од овие средства се реализирани на македонскиот пазар, но кај клиентите расте довербата и во вложувања во светски познати компании“, вели главниот извршен директор на Илирика фунд менаџмент Костадиновски.

Според Костадиновски, трендот на намалување на каматните стапки на Берзата се очекува да стимулира побарувачка и дефинитивно поголема ликвидност, а имајќи ја в предвид длабината на македонскиот пазар, не е исклучително тоа да направи посериозни позитивни поместувања во ценовните нивоа.

„Економскиот раст треба да биде подобар од 2019 година. Генерално пазарот кај нас е атрактивен во смисла на добивки на компаниите кои котираат на берзата, односно дивидендните приноси, но и од аспект на трендот на намалување на каматните стапки на банкарските депозити и на државните хартии од вредност. Нормално кога ќе се надоврзат политичките случувања, во смисла на интегративните процеси за НАТО и ЕУ, сите сме во очекување на датум за преговори затоа што може да биде катализатор за економски пораст и евентуален пораст на цените на берзата. Веќе почетокот на 2020 година имаме и избори и тие носат определена неизвесност, но изминатите неколку години се виде дека домашните политички случувања немаат големо влијание. Берзата и бизнисот во изминатите години покажаа резистентност кон домашните политички потреси“, дополнува Костадиновски.

Годишната инвеститорска средба на Илирика преминува во традиционално случување по четврти пат, каде клиентите се информираат за потенцијалите на македонскиот берзански пазар, но и за глобалните случувања и импактот што може да го имаат врз приносите. Очекувањата се пораст на американската економија од 2 проценти како резултат на фискални стимулации, како и стабилизација на европската економија со можности за благ раст. Стапката на раст на кинеската економија се очекува да се намали под 6 проценти, додека пазарите во развој ќе продолжат да слабеат до 4,6 проценти. Според светските показатели не се очекува промена на глобалната стапка на инфлација и таа ќе остане близу 3 проценти, а предвидувањата се дека доларот ќе ја задржи стабилноста и во 2020.

Илирика минатата година е добитник на Наградата за фонд менаџери во 2019, што како дел од Наградите за деловна извонредност, ги доделува британскиот магазин Аквизишн интернешнел.


Можеби ќе ве интересира

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“