Добивај вести на Viber
Нов пораст на Јавниот Долг. Заклучно со август државата дома и во странство, должи 2 милијади 687 милиони евра или 33,8 % од Бруто Домашниот Производ. Трендот на пораст на Јавниот Долг се случува само еден месец откако беше регистрирано негово намалување во јули.
Во август, најновите податоци укажуваат дека пораснале долговите и кон домашните и кон надворешните кредитори за 16 милиони евра. Така, надворешниот долг достигна 1 милијарда 614 милиони евра, а внатрешното задолжување се искачи на 1 милијарда и 77 милиони евра. Најголем дел од долгот, или нешто повеќе од 60%, отпаѓа на задолжувања од странски извори, додека 39,9% од долгот е по основ на внатрешни задолжувања.
Еве како се движеше трендот на Јавниот Долг од 2005 та година :
- 2005 та 38,4%
- 2006 та 32,0%
- 2007 ма 24,0%
- 2008 ма 20,6%
- 2009 та 23,8%
- 2010 та 24,2%
- 2011 та 28,0%
- 2012 та 34,0%
- 2013 та (август) 33,8%
Токму во август, салдото на долговите по основ на државни хартии од вредност достигна досега најниско ниво од 967 милијарди евра.
Владата веќе најави дека догодина ќе се сврти кон задолжувања на домашен терен. Економистите се поделени за тоа од кои извори треба да се финасираат дефицитите. Дел сметаат дека во услови на неизвесност на меѓународните финасиски пазари, Македонија не треба да ризикува задолжувања со високи камати. Дел пак, велат дека задолжувањата на домашен терен ја “гушат“ економијата поради врзување на големи суми пари од сметките на банките на сметка на државата, наместо за кредитирање на фирми и на граѓани. Владата во периодот што следува најавува токму засилено задолжување на домашен терен,
“Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојното портфолио на државни хартии од вредност, кое се состои од 2, 3 и 5 годишни државни обврзници, со издавање на 7 и 10 годишни државни обврзници. Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност издадени од Република Македонија се очекува од пензиските друштва, како и од комерцијалните банки и осигурителните компании“ – пишува во Фискалната Стратегија на Владата.
Што пишува во фискалната стратегија ?
Според Владата, сегашното ниво на Јавниот Долг сеуште ја вбројува земјата во групата на “умерено“ задолжени. Во годините што следуваат, државата предвидидува натамошен пораст на долгот, но не поголем од 37,6% од БДП.
“Врз основа на определбите за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок на среден и долг рок, одржливо ниво на ризик и ниско ниво на државен долг, како и реализацијата на планираните инфраструктурни инвестиции, движењето на државниот долг е планирано да се задржи во проектираните рамки, односно да има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува државниот долг да не надмине ниво од 37,6% од БДП на крајот од 2016 година“ – пишува во Фискалната Стратегија што Владата ја достави на усвојување во Собранието.
Во структурата на долговите во странска валута, државата планира да го зголеми учеството на долгот во евра, кое во вкупната валутна структура би учествувал со повеќе од 70 %.
Така, догодина учеството на долгот во евра би достигнал 76%, во 2015 та 84% а во 2016 та година долгот во евра би зафатил 87% од вкупниот долг во девизи.
Според владиниот план, нивото на долгот догодина со фиксна каматна стапка е планиран на 50 %, а “Просечното време на достасување“ се предвидува да изнесува 3 години.
Денеска – ново задолжување!
Денеска преку три аукции на државни записи и две аукции на обврзници – државата од домашните кредитори сака да собере 77 милиони евра.
Најголем дел од парите или 70 тина милиони евра планира да ги обезбеди преку краткорочни државни записи додека околу 7 милиони евра од долгорочни обврзници, една со рок на достасување од 5 години, а другата со рок на доспевање од 2 години. Доколку успее да ги обезбеди овие 77 милиони евра, веќе утре Владата по основ на доспеани записи, треба да раздолжи исто така 77 милиони евра.
Според предвидената динамика на задолжување и раздолжување на домашен терен, Владата само овој месец на приватниот сектор треба да му вбризга 177 милиони евра по основ на доспеани државни хартии од вредност.
Иако каматните стапки по кои Владата ги продава записите не се сметаат за “атрактивни“ интересот за купување на државни хартии од вредност е поголем од понудата. Оваа состојба, во која банките наместо да даваат кредити по повисока камата, парите ги врзуваат за записи со пониска камата, економистите ја објаснуваат со ризиците поради кризата, сеуште присутната неизвесност, а особено нестабилната финансиска кондиција на приватниот сектор и на граѓаните навреме да ги враќаат долговите кон банките.
Д.А.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.