05 Декември, 2025
0.0317

Расте нето приходот од камати и надоместоци на „Уни банка“

Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2014 08:31

Добивај вести на Viber

Менаџментот успеал да ги зголеми нето приходите од камати за 46,8 милиони денари и нето приходот од надоместоци и провизии за 23 милиони денари „Уни банка“ во првите девет месеци годинава успеа да го зголеми нето приходот од камати како и нето приходите од надоместоци и од провизии, покажува неревидираниот деветмесечен биланс на успех на таа банка. Во првите девет месеци менаџментот на банката успеал да ги зголеми нето приходите од камати во споредба со лани за 46,8 милиони денари односно за 14,7 отсто во однос на лани кога нето приходите изнесувале 317,6 милиони денари, а годинава се 364,4 милиони денари. Растот на нето приходите од камати се случи во услови кога вкупните приходи од камати на таа банка за периодот јануари – септември годинава изнесуваат 501,9 милиони денари и се пониски од лански 32,3 милиони денари односно за 6 отсто. Кај втората по големина приходна ставка – надоместоците и провизиите банката бележи раст по две основи и кај бруто приходите и кај нето приходите. Бруто приходите се 190,3 милиони денари и се за 23 милиони денари повисоки од истите во првите девет месеци лани. Кај нето приходите од надоместоци износот годинава е 103,6 милиони денари,  а лани бил 98,9 милиони денари. Кај расходните ставки за вработени, амортизација и останати трошоци забележливо е дека менаџментот успеал да ги намали трошоците во однос на истиот период лани. Кај втората најголема расходна ставка – трошоците за вработени во првите девет месеци годинава се платени 156,6 милиони денари, 6 милиони денари помалку од истиот период лани. Кај најголемата расходна ставка „останати расходи од дејноста“ кастрењето на трошоците изнесува 24,3 милиони денари и нивниот износ годинава е 173,8 милиони денари. Резервациите за пласманите на банката годинава изнесуваат 23,5 милиони денари, а загубата заради оштетување на нефинансиски средства изнесува 47,3 милиони денари. Токму заради резервациите за пласмани и заради загубите за оштетување на нефинансиски средства банката има пониска добивка од ланската за 3,8 милиони денари. Именот годинава добивката за првите девет месеци годинава е 51,8 милиони денари, а лани била 55,6 милиони денари. Добивката по акција изнесува 124 денари, а лани изнесувала  140 денари. Последната пазарна цена на таа акција е 767 денари, а е постигната во петокот на 21 ноември. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката