05 Декември, 2025
0.0659

Растот на економијата со забавено темпо, ризиците демнат, заздравување в година?!

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2013 08:28

Добивај вести на Viber

Закрепнувањето на европските економии ќе оди бавно, оценките за странската побарувачка се влошени во однос на очекувањата, позитивни трендови на пазарот на труд не се очекуваат. Ова се дел од оценките на Народната Банка на Македонија, презентирани во најновиот октомвриски Извештај. На домашен терен, инфлацијата е во рамките на проекциите, иако на месечно ниво, во септември се забележува тренд на пораст. НБРМ посочува на забрзан раст на базичната инфлација, кој според аналитиката на Централната банка е резултат на растот на цените на храната и на енергијата во дргите земји. Нафтата и храната – поскапуваат, ќе се прелее ли ценовниот удар? И остатокот од оваа 2013 та година ќе помине во знакот на економска неизвесност, намалена побарувачка и битка со рецисија за дел од европските економии. Откако Германија и Италија во надолна линија ги ревидираа прокециите за економски раст годинава, повеќе оптимизам за посериозно економско заздравување, НБРМ очекува во 2014 та година.
“Во 2014 година се задржани  очекувањата за заздравување на странската побарувачка и за нејзино враќање во позитивната зона, при што се оценува дека растот ќе изнесува 0,9%. “ – пишува во Извештајот на Народната Банка.
Ценовниот раст кај храната и нафтата ќе продолжи до крајот на оваа година. Цената на нафтата во третиот квартал достигна 83,4 долари за барел, што е повисоко ниво од априлската проекција на НБМ. Повисоките цени се толкуваат како резултат на зголемената економска активност во некои од моќните економии, но и политичаката неизвесност на Блискиот исток.
“Повисоки цени се очекуваат и во четвртиот квартал од годината како одраз на позитивните сигнали на страната на побарувачката коишто произлегоа од економскиот раст на САД, Кина и евро-зоната, комбинирани со зголемените геополитички ризици на Блискиот Исток и особено во Либија.
Според најновите проекции на Народната банка, до година намалувањето на цената на нафтата ќе биде со помало темпо од очекуваното. Во исто време, догодина се очекува раст на цените на храната.
“Во 2014 година е извршена нагорна ревизија на цените на житарките, односно се очекува повисок раст кај пченицата, а понизок пад кај пченката, во однос на априлските проекции“ – оценува НБРМ.
На домашен терен, во септември годишната стапка на инфлација изнесувала 1,6% а потрошувачките цени забележале раст од 0,2%.
“Месечното забрзување на базичната инфлација во септември се објаснува со растот на цените на лековите, како и со сезонскиот раст на цените на авиобилетите и на облеката и обувките.  Дел од овие фактори се очекува дека ќе имаат привремен карактер. “ – оценува аналитиката на Народната Банка.
Растот на БДП ќе забави! По првите два квартали – НБРМ оценува дека во третиот се топи оптимизмот за повисока стапка на економски раст, откако во вориот квартал беше измерен раст на БДП од 3,9%.
“Расположливите податоци за третиот квартал на 2013 година упатуваат на продолжување на растот, но побавно во однос на претходниот квартал.“- пишува во извештајот на НБРМ.
Раст на индустријата иако продолжи во двата месеци од третиот квартал, тој тренд е побавен.
“Во август индустриското производство забележа годишен пад, заради повторно слабите остварувања кај металната индустрија по двомесечното умерено закрепнување, надополнето со падот кај прехранбената индустрија и производството на фармацевтски производи.
Според очекувањата, градежништвото ќе остане во позитивна зона на раст, но негативни трендови има во секторот трговија.
“Поместувањата кај трговијата упатуваат на неповолни движења, забележувајќи засилен годишен реален пад во јули, во услови на пад кај трговијата на мало и трговијата со моторни возила. “
Дел од бизнисмените од автомобилскиот сектор, веќе алармираа дека и оваа 2013 та година ќе биде една од потешките, посочувајќи дека продажабата е преполовена. Монетарните показатели, според последните податоци за септември упатуваат на значаен ризик за остварување на проектираните кредитни текови за третото тримесечје и до крајот на годината. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката