05 Декември, 2025
0.0304

РАЗДОЛЖУВАЊЕ КОН ММФ: Парада или стратешки потег?

Објавено во: Финансии 03 Март, 2015 08:11

Добивај вести на Viber

Подобрување на финасиската позиција на Македонија, или создавање на терен за идни, нови задолжувања? Зошто Владата одлучи предвреме да ја отплати кредитната линија за претпазливост во вкупна вредност од 480 милиони евра, што ја зема во 2011 та година, непосредно пред предвремените паралментарни избори? Дел од бизнисмените ја поздравуваат одлуката за предвремено задолжување со образложение дека тоа ќе биде добар сигнал за инвеститорите. Економистите се поделени, едни сметаат дека предвременото враќање на долгот ќе ја зајане позицијата на Македонија, други дека потегот е популистички но и економски нелогичен. Подобрување на финансиската состојба или терен за нови кредити? Македонија ја затвори кредитната линија за претпазливост што ја зема од Меѓународниот Монетарен Фонд во 2011та година. Долгот е вратен предвреме, односно кредитот требаше да биде раздолжен догодина. Со потегот за предвремено раздолжување, Министерството за финанасии соопшти дека се заштедени 5 милиони евра, по основ на камати. Според дел од економистите, оваа одлука на Владата позитивно ќе се одрази врз финансиската позиција на Македонија. Други пак сметаат дека потегот е поплулистички. “Ова е продолжување на парадите, на пропагандата. Потегот нема суштина. Тие пари веќе наскоро ќе мораше да се вратат, тоа е обврска кон ММФ.. Сетам дека со ова предвремено раздолжување владата сака да подготви терен од можни забалешки во однос на финаиската кондиција, но секако и да направи терен за некои идни задолжувања“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. Од друга страна, универзитетскиот професор Томе Неновски смета дека со предвремената отплата на долгот, Македонија ја подобрува својата позиција и прецепција пред странските инвеститори. „ММФ ќе има позитивен пристап зашто вообичаено ги следи движењето на девизните резерви и наплатно-билансната состојба на државата, ги има секогаш предвид. И тогаш кога одобрува некакви аранжмани, знае какви се билансната состојба и динамиката на девизните резерви“, објаснува професорот Неновски.   Од Сојузот на стопански комори исто така сметаат дека одлуката за предвремено раздолжување ќе има позитивен ефект за бизнисот. “Предвремената исплата кон Меѓународниот монетарен фонд на кредитната линија за претпазливосТ претставува позитивен сигнал за странските инвеститори и за домашните компании дека економијата е во добра кондиција и постои макроекономска стабилност. Ова е важно бидејќи многу земји-членки на Европската унија не се во состојба редовно да ги сервисираат своите долгови и тешко добиваат одобрување за пролонгирање за враќање на долговите. Дополнителен позитивен сигнал е кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+, односно нашето рангирање во земји со стабилна економија и умерено ниво на задолженост“, оцени извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов. Во вчерашното излагање, министерот за финанасии Ставрески порача дека македонската економија е на вистински пат и радолжувањето дополнително ја подобрува позицијата на Македонија. “Македонската економија и лани имаше втор најдобар резултат во Европа според растот на БДП, сличен резултат имавме и во 2013 та година и претходно, а во години кога имавме пад тој беше помал отколку во која било друга змеја во Европа. Овие резултати се отсликаа и во состојбите во буџетот и секако врз нивото на јавниот долг. Сега со предвремена отплата на кредитот кон ММФ, државниот долг се намали  под 35% од БДП со што ја вбројува  меѓу четирите земји во Европа со најниско ниво на јавен долг“, изјави министерот за финанасии Зоран Ставрески. Зошто предвреме се врати евтиниот кредит? Според дел од економистите, предвремената отплата на кредитната линија за претпазливост кон ММФ, отвора многу прашања, меѓу кои и зошто Владата посегна да отплати  ефина кредитна линија со пари од поскапа извор на финанасирање. “Сега ние имаме состојба во која поефтин кредит се враќа со задолжување што го направија со повисока камата, односно преку Еврообврзницата. Односно, кредитот што беше земен со ниска камата, Владата го врати со креитно задолжување со повисока камата. Според пресметките што ги направив ефективната камтна стапка на последната Еврообврзница изнесува 5,1%, и со вакво задолжување ние раздолживме кредит со камата нешто повисока од 1%“, вели екс гувернерот Гошев. Со трансакција во Вашингтон, во петокот беше префрлена и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари, со што Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Фондот. Станува збор за кредитот во износ од 312 милиони долари што  беше земен во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014 година. Кредитните услови предвидуваа доколку се искористат до 300 милиони евра, тогаш каматата за потрошеното ќе изнесува 1,2%. Над тоа се зголемува стапката, и достигнува до просечното ниво од 2% на годишно. „За да го пресретнеме ризикот од натамошен раст на американскиот долар и на тој начин да заштедиме пари, направивме опсежни анализи земајќи ги предвид сите можни сценарија и проценки за натамошното движење на американската валута во однос на еврото, по што одлучивме дека е добро и корисно предвреме да се отплатат преостанатите 174 милиони долари“, изјави министерот Ставрески. Инаку, дел од парите од кредитната линија, беа повлечени во март, 2011 та година, непосредно пред предвремените парламентарни избори. Кредитот за претпазливост ПЛЛ, Меѓнародниот монетраен фонд го одобри за користење во случај на позначајни надворешни шокови, кои би можеле да и' наштетат на економијата на земјава. Исплатата требаше да се одвива во осум еднакви квартални рати и да заврши во март 2016 година. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката