Реакција на информациите објавени во врска со снабдувањето со електрична енергија на КЈП „Водовод“ Кочани
Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2022 17:15
Би сакале да реагираме во однос на тврдењата кои што се појавија во медиумите, а се во врска со договорот за снабдување со електрична енергија меѓу нашата компанија и КЈП „Водовод“ Кочани.
ЕДС е компанија која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди и има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла. Како општествено одговорна компанија, кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврските, ние работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи зависно од износот на долгот и можностите на клиентот, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.
Оттаму сакаме да ја демантираме информацијата дека нашата компанија во овој случај одбила договор за исплаќање на заостанатиот долг за испорачана електрична енергија од страна КЈП „Водовод„ Кочани на рати. Напротив, нашата компанија демонстрираше флексибилност и висок степен на разбирање за состојбата и достави предлог договор за исплата на заостанатиот долг токму на рати и со релативно низок износ на месечна рата со цел да се излезе во пресрет на клиентот.
Како и секогаш, и во овој случај ние работиме со нашите клиенти да најдеме заеднички решенија кои нема ги оптоварат во овие услови на криза, но истовремено ќе обезбедат редовно подмирување на долгот за електрична енергија, а со тоа нема да се загрози испораката на електрична енергија и кон останатите наши клиенти во балансната група, која што пак ЕДС ја плаќа авансно. Потврда за оваа наша посветеност да се продолжи соработката говори и договорите за исплата на долгот на рати постигнати со други претпријатија.
И во оваа прилика, чувствуваме должност уште еднаш да го повториме нашиот апел, особено до јавните претпријатија и општините, дека имајќи ги предвид актуелните состојби во енергетскиот сектор од клучно значење е редовното и навремено подмирување на сметките за електрична енергија, разумното и одговорно планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија од страна на надлежните сектори и секако рационално користење на енергијата.
ЕДС - Energy Delivery SolutionsМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




