06 Октомври, 2024
0.0355

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: Економијата ќе забавува, а трошењето ќе растат!?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Економски раст од 4% на 3,5%. Буџетски дефицит од 3,6%. На приходната страна – зголемување на вкупните буџетски приходи, на расходната страна повеќе пари за плати, социјала и државните фонодви. Министерството за финансии објави ребаланс на Буџетот. Дали проекциите се реални и остварливи? Буџетските приходи ќе растат, дефицитот се зголемува на 3,6% од БДП. Министерот за финансии го објави ребалансот на Буџетот, изјавувајќи дека со прекројување на буџетската каса нема да има кратење  од ниту едно министерство. Приходите ќе растат – како ? На приходната страна, според новата проекција, годинава се очекува раст на вкупните буџетски приходи за 57,3 милиони евра. “Тоа е резултат на повисоките даночни приходи кои согласно новата проекција ќе бидат повискои за 6,051 милијарди повисоки од првично планираните. Неданочните и капиталните приходи ќе бидат пониски за 1,73 милијарди денари од првобитно предвидените,“ изјави министерот Ставрески кој посочи дека за првите шест месеци од годинава во споредба со лани истиот период приходите се зголемени за 14 проценти ли за околу 6 процентни поени во однос н она што е планирано со сегашниот Буџет. Додека министерството проектира повисоки буџетски приходи, од друга страна ја ревидраше стапката на економски раст од 4% на 3,5%. Според дел од економистите, по овие првични информации за ребалансот на буџетот, се отвораат неколку дилеми. “Растот на буџетските приходи во однос на планираното е добар сигнал, но треба да се анализира врз основа на што е тој раст. Од друга страна имаме состојба во која проекцијата за економски раст се намалува а од друга се очекува поголем прилив од приходите. Во  исто време буџетскиот дефицит се зголемува на 3,6%. Ова значи дека при зголемени буџетски приливи, а со очекување на забавување на економскиот раст Владата ги зголемува трошењата, односно вишокот на собрани пари ги распределува за нови трошоци. Една од опциите во ваква состојба е на пример можноста да се намали буџетскиот дефицит“, објаснува еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски, кој вели дека за детаљите околу новите буџетски прокеции и прераспределби сепак е потребно аналитично да се разгледа предложениот ребаланс. Сепак, податоците за првата половина од годинава покажале намалување кај приходите од носечкиот данок ДДВ, додека зголемување мало од данокот на добивка и од акцизата. “Кај ДДВ имаме нешто пониско остварување од планираното, но тоа е целосно искомпензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите. Вкупно земено приходите се појаки и поголеми од планираните што создаде добра ситуација во смисла дека Буџетот е во добра финасиска кондиција и ребалансот се прави од таа појдовна основа“, појасни Ставрески. Дел од економистите посочуваат дека помалите приходи од ДДВ сепак се сигнал дека состојбата во економијата не се движи во правец како што се очекувало, но потсетуваат дека зголемувањето на  приходите од акциза е оечкувано поради растот на цените на нафтените деривати но и поради поскапувањето на цигарите. Во исто време, се посочува и дека од 1 ви јануари се укинаа даночните ослободувања кои се однесуваа на добивката, односно доколку таа не биде поделена како дивиденда, тогаш беше ослободена од давачки. Дали ребалансираниот буџет ќе биде замка за опозицијата? Според најавата од министерот за финанасии, на расходната страна нема да има кратење туку внатрешна прераспределба, при што повеќе пари ќе има за платите на полицијата, за државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување, за Министерството за труд и социјална политика. “Кај платите вкупното зголемување ќе изнесува 631 милион денари во кои е вклучено и зголемувањето на платите за полицијата што беше претходно извршено, рече Ставрески и најави дека ќе се реализира и предвиденото зголемување на пензиите од 5 проценти, почнувајќи од октомвриската пензија Кај трансферите има зголемување во Министерството за труд и социјална политика за 428 милиони денари, во Фондот за здравствено осигурување за 111 милиони  денари, во Фондот за пензиско осигурување за 115 милиони денари“ изјави министерот Ставрески. Вака конципиран, според првичните инфрмации, реабалансираниот Буџет според економистите може да биде замка за опозицијата. “Владата проектира повисоки буџетски приливи а помал економски раст. Тука се отвора опасноста Владата да го скрои и извесно, ќе го усвои ребалансот на буџетот пред да се врати опозцијата во Собранието, по што таа ќе не може да реагира на веќе планираните трошења, кои сега се зголемуваат, а постои опасност дека нема да има пари да се алиментираат до крајот на годината“, појаснува професорот Поповски кој смета дека вака проектираниот буџет ќе заврши со подлабок буџетски дефицит. На расходната страна вкупните расходи ќе бидат повисоки за 5,204 милијарди денари. “Капиталните расходи ќе бидат повисоки за 1,115 милијарди денари. Најзначајно е што се обезбедуваат дополнителни 370 милиони денари за интензивирање на изградбата на гасоводната мрежа од Клечовце кон Штип. Покрај тоа, обезбедни се и 60 милиони денари за реновирањето на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, 245 милиони денари за кофинасирање на ИПА пректи, проширување на буџетот наменет за изградба на училишните спортски сали и реновирање на училиштата за 220 милиони денари, за 370 милиони денари се зголемени средствата од кредитот на ЕИБ за изградба на водоводи и канализации, рече министерот  Ставрески. Ревидирањето на БДП, се базира на два факти од кои првиот е дека во првите три месеци од годинава имаше солиден раст на економијата од 3,2 проценти, но во вториот квартал, како што рече, министерот имало пролонгирање на политичката криза во земајава и незвесност заради должничката криза во Грција. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?