03 Декември, 2024
0.0261

Ребаланс на Буџетот: Кој од министрите и директорите ќе го „преживеат“ кастрењето на трошоците?

Објавено во: Финансии 06 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во понеделник,  стартува собраниската дебата по Реблансот на буџетот во матичната Комисија за финасирање и Буџет. Со предлогот, Владата годинава ги зголемува приходите и трошењата, по што минусот во државната каса се искачува на 312 милиони и 500 илјади евра или на 3,9% од Бруто Домашниот Производ, Ова е втора година по ред, по ланската 2012 та, во која Владата го продлабочува буџетскиот минус од претходно планираните 3,5% на 3,9% од БДП. Промените со ребалансот Владата ги оценува како “минимална корекција.“ “Предложениот Ребаланс подразбира минимална корекција на буџетот и тоа реалокација на средства во рамки на постојната маса на плати, обезбедување на дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел навремена исплата на  пензиите и дополнителни средства за опремување на лабаратории  во високо образовни научни установи.“ – пишува во предлог Ребаланс на Буџетот за 2013 та година. Кој со повеќе, кој со помалку пари? Секретаријат за Европски прашања : Ребалансот на буџетот, според предлогот, ќе го преживее Секретаријатот за Европски прашања, чии суми за трошење се зголемија и изнесуваат 1,6 милиони евра. Во рамките на овој ресор, намалување има на парите наменети за “Зајакнување и развој на процесот на Европска интеграција и “Интерграција во ЕУ“, додека едно од зголемувањата се однесува на ставката “Дипломатски и конзуларни претставништва“. Поголем Буџет има и за плати и надоместоци. Министерство за одбрана : Министерот Талат Џафери не го „преживеа“ ребалансот на Буџетот. Ресорот за одбрана за оваа година ќе има на располагање 92,1 милион евра или 62 илјади евра помалку од првично планираниот Буџет за 2013 та. Со ребалансот се предлага  намалување кај ставките за “Администрација“ и “Функционирање на Армијата“ додека поголем буџет е планиран за “Мировни и хуманитарни мисии“ и за “ Недвижности и услуги“. Министерство за надворешни работи : И министерот Никола Поповски не го „преживеа“ ребалансот на Буџетот. Во овој ресор Владата предлага кратење на парите во однос на сегашните планирани буџетски позиции. За годинава ова министерство на располагање ќе има вкупно 19,8 милиони евра или 472 илијади евра помалку. Со предложениот ребаланс, се зголемува ставката за  “Администрација“ но се намалува сумата за “Дипломатско-конзуларни претставништва“. Министерство за финансии : Министерот за финансии Зоран Ставревски со ребалансираниот буџет добива повеќе пари. Се предлага зголемување за 802 000 евра. Намалување има кај ставката “Администрација“ додека зголемување на буџетските пари се предлага за “Управата за финансиско разузнавање“ каде има речиси удвојување на буџетските средства. Повеќе пари има и за Царинската Управа на Македонија , Агенцијата за стокови резерви и Управата за финансиска полиција, додека буџетот на Управата за јавни приходи останува на исти позиции. Министерство за економија : Предложениот ребаланс на Буџетот на Министерот Ваљон Сарачини треба да му донесе околу 420 илјади евра повеќе во однос на сегашните буџетски позиции. Со ребалансот се предлага зголемување на парите за “Администрација“, “Внатрешен пазар“, “Развој на енергетика“   додека намалување има кај ставките “Индустриска Политика“ и “Економски развој“. Повеќе пари со ребалансот на Буџетот би добила и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони. Министерство за труд и социјална политика: Владата предлага раст на буџетските пари и за овој ресор кој треба да се офајди со 21,5 милиони евра повеќе во однос на сегашниот Буџет, што претставува една од позначајните корекции. Во ресорот на министерот Диме Спасов, се предлага зголемување на сумите за “Администрација“, “Социјална заштита“, “Надоместоци и права од социјална област“, “Поддршка за социјалните фондови“ и “Мерки за намалување на сиромаштија“,  додека помалку пари се предвидуваат за  ставката “Детска заштита“ Министерство за образование : И министерот Спиро Ристовски, по усвојување на Ребалансот на Буџетот би добил повеќе пари. Така, со прекроената државна каса Владата ги зголемува буџетските средства за 10,3 милиони евра. Ставката за “Студентски стандард“ останува иста. Намлување би имало кај “ Администрацијата“, “Основното образование“, “Средното образование“, “Високото образование“ додека зголемување на буџеските пари се предлага за “Наука“, “Инвестиции во образование“ и “Интеграција во ЕУ“. Помалку пари се предвидуваат за Бирото за развој на образованието а повеќе за Националната Агенција за европски образовни програми. Министерство за здравство : Министерот Никола Тодоров со новиот, ребалансиран Буџет би добил близу 7 милиони евра повеќе отколку што сега има на располагање. До крајот на годината може да испланира повеќе пари за финансирање на “Администрацијата“, за “Државниот, санитарен и здравствен инспекторат“, “Агенцијата за лекови“ и за “Здравствена заштита за превенција“. Министерство за транспорт и врски : Со предложениот ребаланс, министерот Миле Јанакиески ќе добие 2,5 милиони евра повеќе, со што се вбројува во групата министри што ќе добијат повеќе пари. Во овој ресор се предлага пораст кај ставката “Администрација“, “Урбанизам и градежништво“, “Економски развој“  додека намалување би имало за  “ Сообраќај и комуникации“. Управа за извршување на санкции: Со ребалансот на Буџетот кај оваа Управа има позначајно кратење на буџетските средства од близу 602 илјади евра во однос на сега планираниот Буџет, така вкупниот Буџет на Управата за извршување на санции за оваа 2013 та ќе биде намалаен и ќе изнесува 10,1 милион евра. Позначајно кратење има кај ставката “Казнено – поправни установи“ а на расходната страна кај ставката за плати и надоместоци. Ребалансот на Буџетот без промени би го „преживеале“ Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за животна средина, Министерство за иформатичко општество и администрација, Миниситерството за локална самоуправа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Агенцијата за иселеништво. Кај Министерството за култура се предлага незначително зголемување на буџетските средства. Д.А.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари