06 Октомври, 2024
0.0254

РЕБАЛАНС: Вие сте виновни ако се пљачка Буџетот?

Објавено во: Економија 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Како ќе се трошат три милијарди евра, пари на граѓаните и на фирмите? Колку од овие пари ќе завршат за проекти во региони со доминантно албанско население? Овие прашања предизвикаа жестока дебата и обвинувања меѓу пратениците од ДПА и ДУИ. “Вие сте 12 години во власта , ако има нереформирано судство, вие сте виновни, ако има гонење на Aлбанците, вие сте виновни и ако има кражба и пљачкање на Буџетот вие сте виновни, вие треба да го штитете бидејќи вие сте изготвувач на Буџетот“, рече пратеникот Орхан Ибрахими, посочувајќи со прст на пратеникот Рафис Алити. Пратениците од ДПА побараа одговори но и одговорност од владеачкиот албански фактор за тоа зошто досега не се воспоставил систем според кој парите од Буџетот ќе се делат и по етнички клуч. Пратениците од ДПА остануваат на ставот дека и новиот, ребалансиран Буџет е дискриминаторски. “Ние зборуваме за Буџет на држава, за Влада која сака да потроши 3 милијарди евра, а голем дел од тие средства се и пари на Aлбанците. Ние ги бараме средства од овој Буџет и прашувам зошто Вие од Дуи го гласавте овој Буџет кој е дискриминаторски за Aлбанците, ги осиромашува Aлбанците да немаат за корка леб. Сега и парашањето зошто не го изгласавте Буџетот на Сарај, зошто не го подржавте. Јасно е дека вие во оваа општина имате внатрешни проблеми. И немојте да не лажете постојано, за иста работа да ставате камен темелник“, рече пратеникот  Беким Фазлиу. Според владеачката ДУИ, одговорност за тоа како се трошат парите не е само кај партијата на власт, туку и на локално ниво, каде менаџираат преставници на ДПА. На пратеникот Фазлиу му возврати пратеникот Алити. “Бекем ако јас и ти не ја познаваме реалноста, тогаш добор ќе звучи тоа што го кажуваш, но на неколку места ги искриви работите. Кој е виновен за водоводот во Радуша, Ти Фазлиу беше градоначалник. Ти добро знаеш дека има вода за пиење. Но вакви забелешки можете да најдете колку сакате.  Факт е дека има неоставрени проекти во општина Сарај. И бидејќи сме пратеници, претставници од таа област, јас не бегам од таа одговорност, Факт е дека жителите од овој дел имаат пробелми со водоснабдување, но факт е дека овој проблем не постои откако ДИУ е на власт, туку и пред ДУИ да биде на власт. Жалам, но не ги познаваш добро околностите“, рече пратеникот Рафис Алити.   Состојбата со дел од инфрастуруктурата во општина Сарај беше причина за маратонска вербална пресметка меѓу ДУИ и ДПА. Атмосферата ја вжешти одговорот на министерот Ставревски дека не се предвидени пари за чистење на коритото на реката кај Глумово , како и чистење на езерото бидејќи општината не побарала пари преку министеррството за животна средина. “Можеби вие колега Алити сте вознемирен, но ете да речам дека ви верувам, но на крај таа ваша вознемиреност не ми остава ниту на мене ниту на граѓаните не ни остава впечаток.. Ти си пратеник од организиран политички субјект, ти си дел од партијата на власат, ти си 12 години на власт, ти си потпретседател на собранието, ти си институција. И сега да слушнеме во Собранието дека јас сум имал жеба, а желбите спаѓале во оспорувани права. Да ве потсетам дека општина Сарај ја раководи ваш човек, и одговорноста не може да биде иста. Овој амандман за Сарај е адресиран до претседателот на власта, кој  нема сенс, кој е крадец и не го интересира маката на албанците и проблемот со поплавите. Вие сте на власт и зошто не ја употребувате вашата моќ да ги натерате колегите што ги имате во коалицијата и поддржете го амандманот. Надминете се себеси и застанете зад народот  за кој велите дека ви ја дава поддршката“, рече пратеникот Орхан Ибрахими, обраќајќи се до колегата  Алити. Од ДПА сметаат дека наместо пропаганда и политика, владечката ДУИ треба да се ангажира за решавање на клучните проблеми во регионите со доминантно алабанско население. Во изминатите години речси си стана пракса албанските опоизциски партии да обвинуваат дека при делењето на буџетскиот колча не се политува правичната застапеност и дека има дискриминација во начинот на финасирање на инфраструктурните проекти. Во однос на ребалансот на Буџетот ДПА поденесе 219 амандмани, додека уште пет се поднесени од други пратеници. Токму амандманската расправа за Буџетот 2013 та беше причина за настаните од 24 декември, кога опозицијата беше исфрлена од парламентраниот дом, од оттогаш не се врати во него. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?