Регионални новинари анализираат за Фактор: Колку бегството на Груевски ја „руши“ Македонија?
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 12:10
Новинарите од повеќе медиуми од регионот, кои ги следат најновите настани во Македонија, сметаат дека бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски секако дека ќе го анруши угледот на земјата која се стреми да биде членка на НАТО, но и да продолжи со евроинтеграциите.
Срдан Косовиќ, уредник на порталот Вјести од Црна Гора вели дека бегството е крајно контроверзен чин.

„Тоа е контроверзно, посебно ако се земе в предвид дека е можно и дека тој би побегнал за да ја избегне затворската казна, по толку години поминати на власт, посебно ако се знае што ја одбележа таа негова власт, висока копруција, изборни манипулации и слично. Секако дека е тоа лошо за репутацијата на Македонија, и се работи за безбедносен пропуст, кој дозволи тој да побегне. Потоа и неблаговремените чекори за барање за потерница и за апсење, што му овозможи да влезе во Црна Гора и да го продолжи патот за Унгарија. Во контекст на владеење на правото, кое е клучна област за членство во ЕУ и НАТО, тоа е многу сериозен пропуст“, вели Косовиќ.
Унгарската новинарка Мариан Ори, од конзервативниот унгарски весник Magyar Hírlap вели дека секако случајот со бегството на Груевски ќе го доведе во прашање угледот на земјата.
„Да го поставиме во поширока перспектива: целиот случај во врска со Груевски, фактот дека Владата е принудена за името кое го менува со поткуп или закани кон пратениците од опозицијата, и покрај резултатот од референдумот - се примери кои покажуваат дека и покрај масовната поддршка на западните Влади и ЕУ, оваа актуелна Влада не делува во согласност со европските стандарди“, вели таа.
Според неа, ова е пример за двојни стандарди во владеењето на правото и демократијата.
Српската новинарка Гордана Бјелетиќ смета дека со бегството на Груевски е нарушен угледот не само на Македонија, туку и на сите други земји низ кои екс премиерот поминал.
„Овој пример точно покажува дека без разлика за што декларативно се залагаат Владите на овие земји, за приказните за владеење на право и закони, на просторот на Балканот, и натаму владее на пример законот на 90-те. Тогаш некои од земјите и официјално беа во војна, а „цветаше“ пријателството и соработката на оние кои беа во судир со законот. И натаму чекаме одговори по кои патишта точно и канали се движел и кои се тие врски на интерес кои ги споиле бившиот македонски премиер и властите во тие земји“, рече Бјелетиќ.
Унгарската опозиција е против тоа што нивната земја стана прибежиште на Груевски, екс премиерот, кој трета да одлежи две години затвор за случајот на СЈО, „Тенк“.Во земјава институциите си ја префрлаат вината за тоа кој е одговорен за бегството на Груевски. Според пишувањата во медиумите, можно е Груевски од Унгарија да замине во Русија или Турција. Тој самиот на Фејсбук објави дека е во Будимпешта, и дека ќе бара политички азил затоа што тврди дека е жртва на политички прогон. Македонија досега имаше многу препораки од европски челници дека треба да направи реформи во судството и да обезбеди владеење на правото, ако сака да напредува во евроинтеграциите.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




