Река: Албанија има уставна обврска да се грижи за сонародниците
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2017 11:57
Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата, вели албанскиот амбасадор, Фатос Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија.
„Оваа платформа на политичките партии на Албанците е составена од нив самите и за Република Албанија не е важно кој ќе биде во влада и како ќе се формираат коалициите; таа е една внатрешна работа на политичките партии од Македонија, било да се од албанскиот етникум, или од македонскиот етникум. Важно за Република Албанија е населението од албанскиот етникум, кое живее во своите простори во Македонија, да ги има неговите максимални права, за да живее рамноправно со другите етникуми, вклучувајќи го и македонскиот“ - вели тој.
Амбасадорот вели дека албанската влада не го става под знак прашалник политичкиот капацитет на албанските политички партии во Македонија. Секоја албанска партија во Македонија ја има својата политичка слобода, својата политичка програма, својата изборна програма, додава тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




