Рекапитализацијата на грчките банки ќе зависи од враќање на влоговите во износ од 20 милијарди евра
Објавено во: Балкан 09 Август, 2013
Во интервју за локална телевизија министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас, денеска изјави дека успехот на рекапитализацијата на грчките банки ќе зависи од враќањето на влоговите во банките во износ од околу 20 милијарди евра, кои граѓаните ги изнеле во странство или ги кријат дома.
Според министерот Стурнарас, за рекапитализацијата на банките да постигне успех неопходно е враќање и на влоговите во локалните банки, пари што сега се чуваат под душек. Министерот процени дека оваа сума можеби изнесува и 20 милијарди евра. - Нема никаков ризик од „потстрижување“ на депозитите, уверува Стурнарас.
Грчкиот министер за финансии подвлече дека Грција треба да го засили својот извозен потенцијал, за да стане конкуретно способна.
Како што пренесува ИТАР-ТАСС, четири водечки грчки банки: Пиреус банк, Алфа банк, Националната банка и Јуробанк, во јуни со кредити од ЕУ и ММФ ја завршија својата рекапитализација вредна 27,5 милијарди евра.
Тоа треба да им овозможи да ја обноват својата платежна способност по отпишувањето на грчките државни обврзници, кои се наоѓаа во нивните активи. Сегашната цел на банките е повторно да добијат пристап до меѓународните пазари за зголемување на кредитирањето на економијата, што веќе шеста година е во рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.