РЕКОНСТРУКЦИИ НА ИГРАЛИШТА, ТРОТОАРИ, ФАСАДИ: Почна предизборното шминкање во Општините низ Македонија
Објавено во: Финансии 01 Август, 2025 08:10
Тендери за реконструкции и изградби од помала вредност се распишуваат од страна на повеќе општини во Македонија, пред да почне изборната трка.
Со потпис на градоначалниците, неколку општини почнуваат реконструкции на игралишта, паркови, но и асфалтирање, правење тротоари и реконструкција на општинска фасада.
Александар Стојкоски, кој повторно ќе ја бара довербата од жителите на Ѓорче Петров пак, почнува изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта. Овој тендер го добива фирмата „Интеко“ од Скопје, а е тежок 183 илјади евра.
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш одлучил дека е време да се менува ликот на општинската зграда. Тоа ќе ги чини жителите над 33 илјади евра, а реконструкцијата на фасадата ќе ја прави фирмата „Баџак Инжењеринг“.
Градоначалникот на Јегунвоце и кандидат за нов мандат, Димитар Костадиновски пак, потпиша договор за градење тротоари во село Жилче со фирмата „Митко-Компани“ од Јегуновце за 51 илјада евра.
Во Старо Нагоричане пак, ќе се асфалтира локалниот пат кон Манастир Забел, село Никуљане. За тоа, градоначалникот Бобан Цветановски склучи договор тежок 146 илјади евра со фирмата „Кооп Инженеринг“.
Реконструкција ќе прави и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. За безмалку 30 илјади евра, тендерот го доби „Филип Инженеринг“ од Чучер Сандево.
И градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, ќе реконструира паркови низ населените места во Општината. За тоа ќе потроши 8 илјади евра, како што предвидува рамковната спогодба потпишана со фирмата Ал-Мат од село Смолари.
Речиси без исклучок, градоначалниците низ Македонија при крај на мандатот забрзано средуваат „ситни работи“. Дел од нив, потоа истите ги претставуваат и како големи проекти.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




