16 Декември, 2025
0.1142

РЕКОНСТРУКЦИЈТА НА ТОАРИЛУЦ ЗАВРШЕНА - наскоро ќе се реновира и КАРИЛ

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2025 13:24

Добивај вести на Viber

По комплетирање на реконструктивните зафати, денеска е отворена Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Одделот го посетија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски. 

Директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски изјави дека реновирањето на болничкиот оддел претставува значаен чекор напред во подобрувањето на здравствената заштита на пациентите.

- Со оваа инвестиција не само што добиваме современ и функционален простор, туку создадовме услови за највисоките медицински стандарди за подобра дијагностика, побрзо лекување и поголема удобност на пациентите. Денеска испраќаме порака дека грижата за човекот е во сржта на нашата работа. Нашите пациенти заслужуваат современи услови и највисок квалитет на услуга, а нашите лекари и медицински сестри заслужуваат средина во која можат да ја покажат својата професионалност и хуманост во најдобро светло. Со отворањето на целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ правиме чекор кон помодерно, похумано и поефикасно здравство, рече доктор Мерџаноски.

Тој најави дека ТОАРИЛУЦ продолжува со проектите за: реновирање на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) која ќе биде опремена со најсовремена апаратура за интензивно лекување, реновирање на оперативниот блок, а во следната година спиналниот центар за операции на рбетен столб ќе добие најнова апаратура со навигација со автоматизирана роботска рака со која ќе биде на мапата на светските центри за лекување на болестите на рбетниот столб.

Во тек е, посочи тој, набавка на најнова апратура од сопствени средства, Декса скен за дијагностика на остеопороза и густина на коската. 

- Донесени се нови борили за операции, две анестезиолошки машини кои ќе ги заменат 20-годишни старите апарати, најнов систем за вонтелесно прочистување на крвта, електро каутер за операции со аргон кој се користи при операции на тумори за безкрвно отворање на оперативното поле. Направен е сервис, оспособени се три рендген апарати кои беа надвор од функција и се набавува нов рендген, набавена е заштитна опрема од радијационо зрачење која со донација е за заштита на персоналот кој работи во оперативниот блок под рендген апарати. Седумгодишниот проблем со климатизацијата на оперативните сали на трауматологија е решен со поставување две клими за медицинска употреба со сите филтри кои ги задоволуваат стандардите. Набавени се со донација со што се намали бројот на инфекции од несоодветната климатизација. Ставен е нов елетростатски под во едната сала која не ги задоволуваше мерните стандарди, додаде д-р Мерџаноски.

Премиерот Мицкоски рече дека тоа што планираат да го прават во здравството после завршувањето на локалните избори, ќе бидат озбилни, структурни реформи, бидејќи има чувство дека годишно се трошат околу една милијарда евра, а не се добива тоа што граѓаните и пациентите го заслужуваат, но исто така и здравствените работници.

- Мислам дека има премногу надворешни влијанија, тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во којшто ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. Ваквите иницијативи се секогаш добредојдени. Му честитам и на директорот, му благодарам и на министерот за поддршката и на сите луѓе кои се вклучени, а како што кажа и директорот пред и над се на здравствените работници кои биле дел од оваа клиника, кои во суштина работеле во услови коишто не биле услови, додаде Мицкоски. 

Фото: Влада

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“