09 Ноември, 2024
0.0258

РЕКОРД КАКОВ ШТО ДОСЕГА НЕ Е ВИДЕН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО БАНКАРСТВО - како Комерцијална набилда профит од 72 милиони евра за девет месеци

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Рекорд над сите рекорди, историски профит каков што досега не е виден во историјата на банкарското работење.

Рецептот го има, кој друг ако не Комерцијална банка, за која одредени познавачи на финансиските прилики во земјава, кога резултатот излезе на берзата, прашаа „Како им успева, навистина неверојатно“.

Значи, чистиот профит за три квартали на Комерцијална банка е дури 72 милиони евра за период од девет месеци. Неверојатен успех за оваа временска отсечка, за кој банката детално објаснува во своето образложение на финансискиот резултат.

А, само колку да остане забележано, профитот од 72 милиони евра е поголем за дури 45,1 процент во однос на оној остварен во истиот период од минатата година.

Од банката додаваат и дека планираната бруто-добивка заклучно со третиот квартал од 2024 година е остварена со 139,3 проценти. 

„Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 36,4 отсто поголема во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето приходи од камата, а во помал обем и поради зголемените нето приходи од провизии и надомести и нето приходи од тргување. Позначителното зголемување на останатите приходи од дејноста во споредба со истиот период минатата година е резултат на зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, како и поради зголемениот износ на наплатени претходно отпишани побарувања“, објаснуваат од Комерцијална банка

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 107,7 милиони евра, што значи раст од 29,5 проценти во однос на истиот период од минатата година. 

И, како што е и за очекување, главен дел од овој фанастичен приходен прилив се нето-приходите од камата, кои достигнале над 72 милиони евра, што значи дека бележат зголемување од 16,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 113,4 проценти, потенцираат од банката.

„Приходите по основ на камата се зголемени вкупно за 20 отсто како резултат на зголемени пласмани кај клиентите од сите сектори, при што единствено кај нерезидентите почна трендот на намалување на каматните стапки споредено со истиот период минатата година заради намалувањето на трите основни каматни стапки од страна на ЕЦБ. Кај останатите сектори сеуште се одржуваат повисоките каматни стапки споредено со истиот период минатата година, во услови на почнато релаксирање на монетарната политика од страна на Народната банка“, објаснуваат од Комерцијална банка. 

Но, пораснале и расходите за камати, оние што банката ги плаќа на штедачите, а причина се зголемените орочени штедни влогови.

„Расходите по основ на камaта се зголемени за 58,7 отсто поради зголемените орочени депозити споредено со истиот период минатата година“, велат од Комерцијална.

Нето-каматната маржа на ниво на Банката, како што објаснуваат оттаму, се зголемила од 3,56 отсто заклучно со крајот на третиот квартал од минатата година, на 3,87 проценти на крајот на септември годинава. 

Нето приходите од провизии и надоместоци на банката и донеле над 14 милиони евра, и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 9,9 отсто, во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности, особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 106,2 отсто. 

Нето приходите од курсни разлики, пак, бележат мало намалување од 1,2 отсто во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 109,6 проценти. 

Останатите приходи од работењето на Банката биле 16 милиони евра, и бележат позначително зголемување во однос на истиот период минатата година како резултат на повеќекратното зголемување кај приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот, а во помал обем и поради зголемените наплатени претходно отпишани побарувања. Во рамки на приходите од продажба на преземен имот и опрема најголемо учество имаат приходите од продажба на преземен имот од должниците Еуроникел Индустри ДОО с. Возарци, Кавадарци и Нова Рефрактори ДОО Пехчево евидентирани во месец април 2024 година. Планот е остварен со 176,2 отсто“, објаснуваат од банката.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2024 година изнесуваат 28 милиони евра, и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 13,3 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените и зголемената амортизација. Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Планот е остварен со 103,5 отсто. 

„Во периодот од 01.01-30.09.2024 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 3,1 милион денари, односно 20 отсто од нето вредноста на преземениот имот во согласност со регулативата од НБРСМ. Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 478,0 милиони денари, наспроти 545,3 милиони денари во истиот период минатата година. Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства се должи на ефектот од нето-дополнителната исправка на вредност и извршените отписи во извештајниот период, согласно со регулативата од НБРСМ“, објаснуваат од Комерцијална банка.

А, банката вчера го даде и следново известување. 

Надзорниот одбор на Банката на седницата одржана на 30 октомври годинава, донесе Одлука за вклучување на дел од тековната добивка за периодот 01.01-30.09.2024 година во пресметката на редовниот основен капитал на Комерцијална банка. Предвидениот износ од тековната добивка од 27,3 милиони евра е утврден во согласност со Одлуката за методологијата за пресметка на адекватноста на капиталот и ќе се вклучи единствено во пресметката на сопствените средства со состојба 31.12.2024 година, по добиена согласност од НБРСМ. Конечниот предлог за распределба на добивката за 2024 година ќе се донесе од Надзорниот одбор на Банката најдоцна до февруари 2025 година и за предлогот ќе одлучува Собранието на акционери на Комерцијална банка на седницата која ќе се одржи во согласност со одредбите од Законот за трговски друштва. Потребното зголемување на редовниот основен капитал на Комерцијална банка е во насока на поддршка на динамичниот кредитен раст во текот на 2024 година заради настојувањето Банката да ја задржи својата пазарна позиција во услови на зголемени конкурентски притисоци и континуираното зголемување на вкупните капитални барања пропишани од НБРСМ“, се вели во објавата од најголемата банка од земјава.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈМНОГУ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ ПОВТОРНО ВЛЕГУВААТ ОД ДДВ: се очекува раст на сите даночни приливи, еве како ќе се трошат

НАЈМНОГУ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ ПОВТОРНО ВЛЕГУВААТ ОД ДДВ: се очекува раст на сите даночни приливи, еве како ќе се трошат

БЕЗ ФАКУЛТЕТ И БЕЗ ДИПЛОМА: А се заработува и до 5.000 евра месечно во соседството

БЕЗ ФАКУЛТЕТ И БЕЗ ДИПЛОМА: А се заработува и до 5.000 евра месечно во соседството

ФЕД СЕПАК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА: може ли победата на Трамп да ја промени монетарната политика на САД?

ФЕД СЕПАК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ КАМАТНАТА СТАПКА: може ли победата на Трамп да ја промени монетарната политика на САД?

„ЦРН ПЕТОК“ Е МИНАТО, НОВ ДАТУМ ГИ ОСВОЈУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Еве зошто сите полудеа по „Патувачки вторник“

„ЦРН ПЕТОК“ Е МИНАТО, НОВ ДАТУМ ГИ ОСВОЈУВА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Еве зошто сите полудеа по „Патувачки вторник“

ОВА Е НАВИСТИНА БАРАНА „СТОКА“ НА ДОМАШНАТА БЕРЗА - која акција „сврте“ промет од над 4 милиони евра за еден месец

ОВА Е НАВИСТИНА БАРАНА „СТОКА“ НА ДОМАШНАТА БЕРЗА - која акција „сврте“ промет од над 4 милиони евра за еден месец

ЕВЕ ЈА МЕСЕЧНАТА ПЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД: Не е како што многумина мислат

ЕВЕ ЈА МЕСЕЧНАТА ПЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД: Не е како што многумина мислат

ПОТОНА ПРОФИТОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ БРЕНД - пад од 26,4 отсто на годишно ниво поради слабата продажба во Кина

ПОТОНА ПРОФИТОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ БРЕНД - пад од 26,4 отсто на годишно ниво поради слабата продажба во Кина

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ПАЗАРИТЕ ВО ЛИДЛ - СРБИЈА: Педесет производи поевтинуваат, еве кои

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ПАЗАРИТЕ ВО ЛИДЛ - СРБИЈА: Педесет производи поевтинуваат, еве кои

ОВА Е НАЈВРЕДНОТО НЕШТО НА СВЕТОТ! Дијамантите и златото не и се ништо, ниту најбогатите не можат да купат

ОВА Е НАЈВРЕДНОТО НЕШТО НА СВЕТОТ! Дијамантите и златото не и се ништо, ниту најбогатите не можат да купат