РЕКОРД, НО ЛОШ: Економистите песимисти за јавниот долг, Владата не ги слуша ММФ и СБ
Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2016 12:05
Поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев оценува дека државниот јавен долг е многу поголем отколку што Владата реално прикажува и дека преминува 55 отсто од бруто домашниот производ.
„Дефинитивно,јас не мислам дека скриениот долг е помал од 500 милиони евра. Сега, не верувам дека јавниот долг е помал од 55 отсто од БДП“, рече Гошев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М.
Министерството за финансии пред неколку дена објави дека јавниот долг пораснал на 4,7 милјарди евра и дека изнесува 50,6 отсто од БДП.
Дека јавниот долг на Макеоднија, е поголем од објавениот, мисли и дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов од опозицијата, кој на тоа место во владата за подготовка на изборите е поставен според Договорот од Пржино.
Наумов тврди дека министерот за финансии Кирил Миновски крие колку државата е задолжена по основ на враќање данок на додадена вредност, но и колку им должи на компаниите за извршени работи.
Сите тие податоци, како што истакнува дополнителниот министер, би требало да бидат прикажани во иснос на јавниот долг на државата.
Министерот Миновски пак, после објавувањето на последните податоци, рече дека јавнот долг не е на алармантно ниво, додека гувернерот на НБРМ Димитар Богов смета дека треба да се послушаат препораките на Светска банка и ММФ и да почне да се намалува задолжувањето на државата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





