19 Декември, 2025
0.3756

РЕКОРДЕРИ ВО ЗАГАДУВАЊЕ: Да се спасуваме со зеленило или промена на навиките?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 12:47

Добивај вести на Viber

Не запира да тлее загаден воздух во главниот град. Мерките кои ги најавуваат надлежните, се речиси без ефект а граѓаните се гушат секојдневно.

Вечерните часови се убиствени а се поставува прашањето како да се спасиме од загадувањето.

Има денови кога скопјани дишат многу позагаден воздух од граѓаните во другите престолнини од регионот, па и пошироко.

„Прво и основно, големите европски градови се градени и развивани низ вековите со урбано планирање, широки булевари со зеленило, широки плоштади и достапност на вода. Развојните планови вклучуваат одржлив урбан транспорт со сите форми и елементи, дислокација на индустриските објекти и од најмал обем во индустриски зони и секако користење на природен гас за домаќинствата и индустријата. Она што е најважно и треба да го земеме за пример кај нас е стриктно спроведување на законската регулатива и казнените мерки за загадувачите. Она што се случува кај нас се неправилно планирани, проектирани и изведени градежни објекти без зеленило, соодветен паркинг простор, игралиште за деца, пристапни патеки за велосипеди и тротоари. Мали и средни фирми во централно градско подрачје кои вршат сериозни загадувања и за кои нема контрола ниту казни, ниту дислокација. Кога зборуваме за загадување, секогаш прво на ум ни е аерозагадувањето, без притоа да мислиме на загадување на почвата од моторни масла, загадување на површинските и подземните води со нерешени системи за прочистување на отпадните води ниту од индустријата ниту од градовите, а скоро секогаш ја забораваме бучавата како загадување која негативни влијае врз квалитетот на животот на луѓето. Примери од светот кои се применливи на пример во Битола се воведување на нечујни електрични трамваи за градскиот превоз. Некој ќе рече скапа, неисплатлива инвестиција, а јас ќе прашам колкава е цената на човечките животи на сегашните и идните генерации, воведување на гасификација и најважно промена на навиките на луѓето кои крајно неодговорно се однесуваат кон урбаните аспекти на жиивеење, заштитата на животната средина и природата. Всушност промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“ – кажа неодамна за Фактор  Нешат Аземовски од Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 – Битола..

Во земјава годишно загадениот воздух убива околу 2000 луѓе, а во Европа од истиот проблем страдаат повеќе од 500.000 луѓе. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки