Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа
Објавено во: Финансии 20 Септември, 2024 09:20
На Волстрит, S&P 500 и Dow Jones индексот скокнаа на рекордно високо ниво бидејќи инвеститорите беа охрабрени од агресивното намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка и се очекува понатамошна депрецијација на валутата.
Dow Jones зајакна 1,26 отсто, на 42.025 поени, додека S&P 500 скокна за 1,70 отсто, на 5.713 поени, а индексот Nasdaq 2,51 отсто, на 18.013 поени.
S&P и Dow Jones достигнаа нови највисоки нивоа на Волстрит благодарение на намалувањето на Fed за 0,5 процентни поени во средата.
Се очекува дополнително намалување на каматните стапки
Дополнително, челниците на ФЕД проценуваат дека до крајот на годината ќе ги намалат каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, а во наредната за цел процентен поен.
Претседателот на ФЕД Џером Пауел изјави дека состојбата на економијата е добра, расте, додека инфлацијата опаѓа.
Сето тоа предизвика еуфорија на пазарот, па вчера со зголемен обем на тргување берзанските индекси достигнаа нови рекордни нивоа.
Во осум од 11-те најважни сектори, цените на акциите пораснаа, а највисоко, повеќе од 3 отсто, во технолошкиот сектор.
Цените на акциите на помалите компании значително пораснаа
„ФЕД даде прилично добра слика за економијата, па сега можеме да видиме дека парите се враќаат на пазарот и во некои сектори кои досега забележаа побавен раст“, рече Џејмс Реган, директор на Wealth Management Research.
Така, цените на акциите на помалите компании вчера значително пораснаа, за кои пониските каматни стапки може да донесат намалување на трошоците и зголемување на побарувачката за нивните производи и услуги.
Меѓу добитниците беа акциите на регионалните банки, кои со пониски камати може да очекуваат зголемување на побарувачката за кредити.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,91 отсто, на 8.328 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,55 отсто, на 19.002 поени, а париски CAC зајакна 2,29 отсто, на 7.615 поени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





