РЕКОРДНА НЕВРАБОТЕНОСТ: Oд Втората светска војна вакво нешто не се случило во Австрија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Се зголемува невработеноста во Австрија.
Месецов бројот на невработени се искачи на 517.122, што е за дури 174.000 поголем од истиот месец лани.
Ова е рекорден број невработени, кој Австрија го немала уште од Втората светска војна.
На 13 април, се регистрирани 588.234 лица без работа, по што почнува трендот на намалување.
Стапката на невработеност сега е 11,5 отсто, а натпросечно висок раст на невработени има кај младите со 103,8 проценти и кај лицата без австриски пасош со 90,2 отсто раст.
Невработеност се зголеми во Италија, Германија, Шпанија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.