Рекордно големиот буџет одобрен во рекордно време
Објавено во: Финансии 20 Септември, 2016 00:45
Владата на Република Македонија го одобри предлог буџетот за 2017-та година кој е рекордно голем со предвидени трошења од 3.3 милијарди евра на 3% годишен раст на економијата. Предлогот на министерот за финансии Кирил Миновски е речиси експресно прифатен и изгласан на неколку минути пред полноќ на владина седница.
Причината за брзањето била што Миновски заминувал на службен пат, па морале да се побрза со процедурата. Сепак, реалноста вели дека предлог буџетот ќе мора да помине во Собранието чиј мандат истекува и наскоро ќе се распушти пред да се одржат изборите.
Тоа ќе предизвика и експедитивна собраниска процедура која опозицијата ќе се обиде да ја забави бидејќи смета дека не треба сега да се гласа буџетот, туку по изборите во декември и тој да го состави новата влада која ќе наметне свои економски политики.
Заменик министерот за финансии Кире Наумов предложи модел на привремено финансирање, но беше одбиен.Да потсетиме денес беше изгласан и ребаланс на актуелниот буџет за прераспредлба на средства за настраданите од поплавите во износ од 35 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





