Добивај вести на Viber
Централната банка на Австралија ги намали каматните стапки на нов минимум од 2,5 отсто, подгревајќи ги стравовите од ново економско забавување во очи на изборите закажани за 7. септември, пренесува агенцијата Франспрес.
Банката на резерви на Австралија (RBA) ја намали клучната каматна стапка за 25 базни поени на ниво незабележано од оснивањето на банката во 1959 година. Гувернерот на RBA, Глен Cтивенс, ги наведе падот на инфлацијата и на малопродажбата како причина за намалување на каматните стапки.
„Економијата бавно напредуваше во последните година дена. Cе очекува таквиот тренд да продолжи и во иднина, имајќи предвид дека стопанството се прилагодува на намалувањето на инвестициите во рударството“ - додал Cтивенс.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.