23 Ноември, 2024
0.0308

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Продолжува нагорниот тренд на остварени приходи од продажба на „Реплек АД“. Во третото тромесечје од оваа година компанијата оствари вкупен раст на приходите од продажбаво сегментот фармација од 30,9 отсто во однос на истиот период минатата година. Ваквиот позитивен резултат, што е продолжение на трендот од изминатите две тримесечја, придонесе за зголемување на вкупните приходи од продажба остварени во првите девет месеци од 2024 година, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 24,3 отсто, надминувајќи 21 милиони евра.

Вкупниот раст на приходите од продажба е комбинација на растот остварен во продажбата на домашниот пазар, каде во третиот квартал од оваа година е регистрирано зголемување од 68 отсто, и од натамошното зголемување на продажбата на странските пазари од што се остварени приходи кои се за 20,7 отсто повисоки од лани.

Кумулативно, за изминатите девет месеци од оваа година, „Реплек АД“ оствари продажба на домашниот пазар во вредност од близу 5,3 милиони евра, што е за 54,8 отсто повеќе од лани, како и продажба на странските пазари во вредност од над 16 милиони евра, што е за 17 отсто повисоко од остварувањето во истиот период минатата година.

„Задоволни сме од остварените резултати во овој период на годината, кои ги надминаа и нашите првични очекувања предвидени со годишниот план за продажба. Ваквиот позитивен тренд е резултат на големата посветеност и енергија што ја вложува целокупниот тим на Реплек во реализација на нашата компаниска развојна стратегија која се темели на инвестиции и модернизација, градење на силно портфолио на производи и јакнење на пазарните позиции, како и унапредување на задоволството на вработените. Уверен сум дека позитивните резултати кои ги бележиме во континуитет во изминатиот период ќе ни влеат дополнителна енергија и мотив за реализација на нашата визија за развој на Реплек како современа, динамична  компанија која со своите континуирани успеси и понатаму ќе дава значителни придонес за развојот на македонската економија, истовремено креирајќи дополнителна вредност за  вработените, акционерите и за сите наши партнери“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на „Реплек АД“.

Растот на приходите од продажба во деветте месеци од оваа година ја прави повеќе од извесна реализацијата на предвидувањата за очекуваните годишни приходи од продажба, кои според финансискиот план за 2024-та се очекува да достигнат околу 31 милион евра, што е за околу 23 отсто повеќе во однос на претходната година. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација