21 Декември, 2024
0.0279

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од вторникот започна со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа ќе се снабдуваат со природен гас, но засега не и Македонија која има платено за закуп помеѓу 2,5 и 3 милиони евра, според министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор рекоа дека станува збор за еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа

- Конечно почнал да работи Александропули и ние сме многу среќни за тоа, но на жалост кога побарав извештај од ЕСМ, можам да ви прочитам дека ЕСМ нема учество во сопственоста на терминалот - предвидено било „Номагас“ да се стекне, но тоа уште не е реализирано. Предвидено е да учествуваме и со 25 отсто во гансата централа, меѓутоа и тоа не беше реализирано, така што ние немаме ништо од Александропулу. Единствено што имаме е договор за користење на капацитет, потпишан на 15 години, и досега имаме платено околу 2,5 до 3 милиони евра. Тоа се пропаднати пари. За се што сакаме понатаму да направиме, треба да дискутираме, меѓутоа ситуацијата сегашна е таква, рече денеска Божиновска.

Во овој контекст, таа дополни дека Македонија нема интерконектор за гасно поврзување со Грција. Тендерот по девет месеци од повикот за оператор за негова изградба пропадна поради забелешка на меѓународниот кредитор. Министерката се надева дека новата тендерска постапка ќе трае пократко и ќе има резултат.

Божиновска во продолжение додаде дека за проектот Чебрен на Црна Река ќе се прави физибилити студија за тоа како да биде реализиран.

- Тоа е еден сериозен проект за кој се потребни многу средства и мора овој пат да дискутираме ние како држава да имаме најголем бенефит. Тој е во план, но потребно е многу време. Секако не може да се направи за многу брзо. Прво треба да се направи физибилити студија како да биде најдоброто решение за граѓаните, порача таа.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција