РЕСТРИКЦИИ: Италијанците за празниците можат да примаат само двајца гости
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Декември, 2020
Италија се затвора за Божиќ и Нова година.
Италија е во „црвена зона“, што значи дека сите ресторани, барови и несуштински продавници ќе бидат затворени, а Италијанците ќе смеат да патуваат само за работа и поради здравствени и итни случаи.
На сила останува и полицискиот час од 20 до пет часот.
„Ова не беше лесна одлука. Нашите експерти беа сериозно загрижени дека за Божиќ ќе има голем пораст на бројот на заразени и затоа моравме да дејствуваме“, изјави премиерот Џузепе Конте.
Италија е европска земја со најголема смртност од ковид-19, од кој досега починаа скоро 68.000 луѓе.
Новите мерки во Италија ќе бидат на сила од 24 до 27 декември, 31 декември-3 јануари, како и на 5/6 јануари. Во овие денови, ќе смеат да се примаат само двајца гости.
Повеќето европски земји воведоа рестрикции за празниците.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.