21 Мај, 2024
0.0266

(Рецепт + ВИДЕО) Како да си направите гел од алое вера дома?

Објавено во: Стил 22 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Една од многуте предности на Алоето е брзиот раст на ова корисно растение. Затоа, секогаш има доволен број долни листови кои би можеле да ги искористите за да направите гел од алое вера сами дома. Еве ја и класичната рецепта за гел од алое. Користиете ја внатрешноста на листот, која се одвојува откако ќе се подели така, како што е прикажано во видеото. Пресечете ги долните листови на растението, измијте ги и ставете под агол од 45 степени. Нека се исцеди целата жолта течност. Оваа жолта течност не е за секој - ова е еден многу силен лаксатив, и некои луѓе можат да го поминат целиот ден во тоалетот, ако не внимаваат. Ако листовите на алое вера при допир се тврди - тоа е добар знак дека растението е здраво. За да се добие гел од алое најсоодветната возраст на растението треба да е барем 2-3 години (по можност над 3 години). По некое време, кога течноста се исцеди, се сечат краевите на листовите на 5cm - оној дел кој не е потребен. Потоа отстранете ја кожата со остар нож од горната и долната страна на листот. Ако листот е голем, однапред го сечете на неколку сегменти. Природниот гел од алое има малку горчлив вкус, но убаво е да земете барем лажичка од него веднаш по добивањето - тој е многу корисен за здрави заби и чиста уста. Можно е да се користи чист гел од алое вера, но може да се меша со други состојки, како што е дадено во рецептот подолу: ¼ чаша алое вера гел и ситно сечкани млади листови 1/8 лажичка лимонска киселина ¼ лажичка витамин Е масло 1 лажичка кокосово масло [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/CPjUHfQheX4[/embed] Се комбинираат сите состојки во блендер и се мешаат до добивање на хомогена смеса. Ставете во сад со цврст капак. Гелот може да се чува во фрижидер до 1 месец. Овој гел е голема помош за изгореници и кожни проблеми (вклучувајќи воспаленија). Тој ја  лади и хидрира кожата. Нанесете го на болниот дел од кожата, и веднаш ќе почувствувате олеснување. Исто така, гелот може да се користи како дел од други рецепти врз основа на алое вера, со додавање на други состојки кон него.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“