15 Јануари, 2025
0.0328

Ревизија на системот за вработувања, лицата со попреченост бараат место и во јавната администрација

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе се прави целосна ревизија на системот за вработувањето на лицата со попреченост за да се спречат злоупотребите, но и да се овозможат дополнителни услови за пристап до вработување на овие лица, најави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на промоцијата на проектот „Способност версус Неспособност“.

„Ревизијата би била во насока на подобрување и полесен пристап до вработување на лицата со хендикеп, како и корекција на се што би се третирало како бариера во реализирањето на потребите на вклучувањето на лицата со попреченост во јавниот живот“, појасни Министерот, кој истакна дека ќе се прават дополнителни контроли на работата на заштитните компании кои со средства од државата се стимулираат да вработуваат лица со попреченост.

Според Звонко Шаврески од невладината организација „Полио Плус“, сегашното законско решение за вработување инвалидни лица се фокусира пред се на зашитните компании, а многу малку на јавната администрација или поголемите приватни компании. Тоа, посочи тој , е нешто што треба да се менува бидејќи дополнително ги гетоизира лицата со хендикеп.

Тој осврнувајќи се на денеска промовираниот проект, кој е поддржан од ЕУ, Шаврески посочи дека ќе се спроведува цела година и ќе биде фокусиран на лицата со попреченост, односно можностите како да се подобри законската рамка и вработувањето на овие лица.

Инаку, организацијата Полио Плус - движењето против хендикеп,  одбележува 13 години од нејзиното формирање.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања