“Режимот“ на Груевски падна и ги ослободи медиумите: реалност или лага?
Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 08:43
Македонија се најде на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници.
Минатата година, Македонија беше рангирана како 111-та.
Во извештајот се наведува дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.
– За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат, се вели во Извештајот .
Репортери без граници оценува дека Јавниот радио-телевизиски сервис „сѐ уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“.
– Падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но се уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни, стои во Извештајот.
Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




