21 Мај, 2024
0.0296

Резултатите на учениците во Македонија се на дното на табелата во Европа, мора итно да се вложи во опремување на училишните лаборатории и во нови учебници

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

За подобрување на квалитетот на учење неопходно е да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства. Ова го констатираат голем број наставници, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието за време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

-Дури 74 проценти од наставниците истакнуваат дека е потребно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства, рече Ајрулаи.

Истовремено нагласи дека пред да почне исцртувањето на новата концепција за основно образование се консултирани други концепции, документи, направено е истражување на ставови на наставници и искуства од други земји, анализирани се најразлични концепти. Истражувањето на ставовите на наставниците покажало дека незадоволството од содржините на учебниците е навистина големо.

Со новата концепција учебникот нема да биде единствен извор за учење.

-Новата концепција за основно образование оди кон иновирање и на материјалите од кои ќе учат учениците. Учебникот е само едно од наставните средства. Се оди кон дигитализација и на учебниците со што наставата ќе стане поинтерактивна, рече Ајрулаи.

Фактот што наставните програми нема да бидат содржински насочени, туку ќе бидат насочени кон резултатите од учење, ќе им овозможи на наставниците слобода на користење различни методи и активности кои ќе поттикнат развивање на сите потенцијали и интереси на учениците. Ајрулаи објасни дека учењето нема да биде врзано само со еден извор и ќе може да користи различни извори за учење.

-Наставните материјали ќе ги изработуваат најискусните наставници и најискусните професори. Тие ќе бидат во електронска форма, а за учениците што немаат можност да ги користат електронски, ќе може да се испечатат, рече Ајрулаи. 

Според проф. Дамовска, новата концепција за основно образование обезбедува суштинска поддршка за наставниците

-Низа индикатори покажуваат дека на образованието во Република Северна Македонија му се потребни драстични промени, а меѓу нив се и постигнувањата на нашите деца кои се исклучително слаби и на дното на табелата во Европа, што е една од причините за креирање на новата концепција за основно образование, истакна проф. д-р Лена Дамовска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

-Имаме проблем во квалитетот на наставата и во усвојувањето на знаењата. Затоа, неопходно е да се фокусираме на педагошките стратегии, на начинот на кој нашите деца учат и ги стекнуваат знаењата и на амбиентот во кој се стекнуваат тие знаења.  Сметам дека оваа концепција ќе даде системска поддршка на оние кои ја реализираат наставата и ќе биде квалитативен исчекор во однос на промоција на партиципативната педагогија, придонесувајќи кон тоа како децата активно да учествуваат во процесот на стекнување на сопствените знаења“, рече Дамовска, додавајќи дека целиот документ се повикува на меѓународни документи и стандарди, вклучително и на Конвенцијата за правата на децата.

Таа истакна дека основното образование е базично во секоја држава и знаењата кои се стекнуваат во тоа базично образование се најзначајни, нагласувајќи дека новата Концепција ќе значи и вложување во основните училишта, во опремување на лаборатории и во набавка на нови учебници, нагледни средства и материјали.


Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци