РФМ го потврди ревијалниот натпревар на сите македонски легенди, на 3 јануари сите во сала, мечот е со хуманитарен карактер
Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2022 12:22
Ракометната Федерација на Македонија, го потврди одржувањето на ревијалниот натпревар на кој силите ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци, кој ќе се одигра на 3 јануари 2023 година со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде од хуманитарен карактер.
СООПШТЕНИЕ НА РФМ:
Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.
До денес, своето присуство на теренот го потврдија: Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.
Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.
Билетите, во ограничен број, ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.
Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




