Ристо Пенов кандидат за министер за локална самоуправа
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2022
Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, е главен адут на либералдемократите да го замени Горан Милевски како министер за локална самоуправа во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, информира Канал 5.
Пенов за Канал 5 потврдил дека е во игра да го предводи министерството, но и дека е наедно рано да потврди дека ќе биде нов член на Владата.
Милевски до Владата денеска ја поднесе оставката. Тој потврди информацијата и посочи дека се повлекува од лични причини. Оставката треба да ја констатираат на владина седница
Милевски се повлекува од претседателското место на ЛДП,а амбиции да го наследи единствено има пратеничката Моника Зајкова.