19 Декември, 2025
0.1350

Ристовски: Јанева се повлече од „Пуч“ за да го покрие чадорот и неговите играчи на терен

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 17:30

Добивај вести на Viber

Денешното отворање на новите истраги е уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод истрагите „Тенк“ и „Тарифа“ кои ги отвори СЈО.

- Единствената причина заради која што Катица Јанева ја донесе одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите. Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја заштити и неа и нив во иднина, посочи Спиро Ристовски на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.


- Зоран Заев повторно беше фатен во криминал, а Катица Јанева наместо да го гони се стави во негова заштита.
 Наместо да одговори на овие прашања, Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО.

Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК