15 Јануари, 2025
0.0291

Ристовски: Половина од пререгистрираните невработени не сакаат да најдат работа!

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За еден месец повеќе од 10.000 невработени лица веќе се пререгистрирале во Агенцијата за вработување согласно новите законски одредби, од кои околу 4.800 се изјасниле дека не бараат активно работа, а останатите изјавиле дека се активни баратели на работа, информираше денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Според Ристовски, процесот на пререгистрација се одвива добро и покрај  сомнежите и обидите како што вели тој на некои политички партии од опозицијата да ги демотивираат граѓаните тврдејќи дека Владата сака да ги избрише невработените лица.

Министерот тврди дека со пререгистрацијата никому нема да му биде одземено ниту едно право, туку дека таа имала само за цел да евидентира колку граѓани навистина активно бараат работа.

„Би сакал да ги мотивирам граѓаните да продолжат со своето евидентирање во рамки на Агенцијата соодветно на своето убедување дали сакаат активно да бараат работа или не сакаат. Едноставно ќе се почитува волјата на граѓаните и без разлика дали активно бараат работа или сакаат да бидат евидентирани само за да користат одредени социјални права. Ние ќе го почитуваме тоа во целост и на активните и на пасивните ќе им ги гарантираме сите права гарантирани со устав и закони“, рече Ристовски.

Пререгистрацијата на невработените започна пред еден месец.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања