10 Декември, 2025
0.0510

РКЕ: АКО БЕГ ИСПОРАЧУВА ПОМАЛКУ ПАРНО - потрошувачите имаат право на пониски сметки

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022 13:10

Добивај вести на Viber

Во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги пристигнати се над 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на греење од страна на потрошувачи за БЕГ.

Согласно Правилникот за снабдување со топлинска енергија прва инстанца каде потрошувачите треба да поднесат приговор доколку не се задоволни од квалитетот на услугата - се снабдувачите, од каде екипи мора да излезат на терен и да спроведат мерење, по што должни се да изготват писмен извештај за фактичката состојба и истиот да го достават до потрошувачот, согласно пропишаните рокови во Правилникот за снабдување.

Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, односно од писменото известување од снабдувачот за квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачот во втора инстанца може да поднесе приговор до РКЕ. 

„РКЕ има оформено Комисија која работи на решавање на приговорите на потрошувачите“, велат во своето соопштение до јавноста од оваа институција.

Тврдат дека поради енергетската криза, РКЕ веднаш ги става во процедура поплаките кои се доставени до комисијата и во прва фаза со ургенција бара од БЕГ да излезе на терен и да изврши мерење на фактичката состојба, по што бараат извештај како постапиле во однос на пријавениот проблем – рекламација од странана потрошувачот.

„РКЕ ја информира јавноста дека во порамнителните сметки снабдувачот е должен да ја фактурира само потрошената топлинска енергија, по пропишаниот квалитет на услуга од Правилата за снабдување на ТЕ. Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот“, потенцираат од РКЕ.

Практично, доколку загревањето со топлинска енергија е помало од пропишаното, тогаш БЕГ не би смеела фактурите да ги испорачува по редовна цена, туку сметките треба да ги намали за онолку за колку што е намалена испораката на топлинска енергија. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа