РКЕ ЌЕ ТРОШИ ПОВЕЌЕ ПАРИ СЛЕДНАТА ГОДИНА – ќе ги зголемат надоместоците за лиценци, но ќе рипне и трошокот за плати
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2025 07:49
Буџетот на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија за следната година планира да го зголеми буџетот за своето работење.
Согласно Финансискиот план на РКЕ за следната година се планира раст на финансиите кои ќе ги троши и тоа за сума која надминува 300 илјади евра. Според она што го споделиле во планот, следната година ова регулаторно тело планира да потроши 3,15 милиони евра, што е повеќе од планот за оваа година.
- Вкупните расходи – потребни средства за исполнување на планираните активности и обврски во 2026 година изнесуваат 193.950.467 денари што претставува зголемување на вкупните расходи од 2025 година кои изнесува 174.941.542 денари односно зголемување од 19.008.925 денари– пишува во финансискиот план на РКЕ доставен во Собранието.
Од табелата доставена со финансискиот план може да се види дека вкупниот раст на буџетот и на расходите достигнува 11 проценти.
Според нивните планови следната година во нивната каса би требало да се слеат повеќе пари од приходите од надоместокот од носителите на лиценци за вршење енергетски дејностиза 22 отсто, но и од приходи од надоместок за издадени лиценци, односно за упис во регистарот на странски трговци и снабдувачи со ее и природен гас во РСМ и надоместок за постапки за утврдување на тарифи за водни услуги за 19 проценти.
Плановите за трошење откриваат дека за ставката Материјални расходи и услуги се планираат помалку пари од оваа година и тоа за 14 проценти. Согласно податоците за потрошни материјали, потрошена енергија, одржување и разни услуги вкупно се планираат 47.396.880 денари или над 770 илјади евра.
Но, кај ставката други расходи, каде влегуваат провизии за платен промет, премии за осигурување, трошоци за службени патувања, надоместоци на трошоци на работници... се планираат поголем буџет за 12 проценти, или точно 18.267.360 денари што е еднакво на 297 илјади евра.
Кај ставката плати и надоместоци РКЕ планира да потроши значително поголема сума од оваа за тековната година, што како што посочуваат се должи на потребите од нови вработувања.
- Со предложениот финансиски план во групата - Плата и надоместоци на плата предвидени се средства за платите на вработените и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и нови вработувања што е предвидено да се реализираат во 2026 година, поради зголемениот обем на работни обврски, а согласно новите надлежности на Регулаторната комисија за енергетика, предвидени со Законот за управување со отпадот– се појаснува во планот
Имено во финансискиот план се предвидени 122.746.227 денари за плати, или 1,9 милиони евра, што е раст од 27 проценти во споредба со трошоците испланирани за тековната година.
Од институцијата објаснуваат дека приходот за работењето во 2026 година се планира од неколку извори: приходи од наплата на надоместок за издавање на лиценци за вршење на енергетски дејности, односно за упис во регистарот на странски трговци и снабдувачи со електрична енергија и природен гас коишто можат да вршат дејност во Македонија, во износ од 10.950.000 денари. Потоа од надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за водни услуги, односно регулаторна тарифа за водни услуги, во износ од 660.000 денари. Исто така планираат приход од наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Македонија во износ од 132.232.011 денари. Последен планиран приход им е од наплата на посебен годишен надоместок утврден како процент на зафаќање од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водните услуги, во износ од 1.897.309 денари.
За реализација на плановите РКЕ планира и зголемување на годишниот надоместок од носителите на лиценци.
- За реализирање на планираните приходи за финансирање на редовното работење на Регулаторната комисија за енергетика во 2026 година, потребно е да се изврши: - наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Република Северна Македонија утврден како процент на зафаќање во износ од 0,0433 отсто од вкупниот приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и - наплата на годишен надоместок од давателите на водни услуги утврден како процент на зафаќање во износ од 0,0433 проценти од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давањето на водните услуги. Согласно горенаведеното, Регулаторната комисија за енергетика на Собранието на Република Северна Македонија му предлага да донесе Одлука за утврдување на предложениот процент на зафаќање од 0,0433 отсто кој е помал од законски утврдениот максимум од 0,1 проценти – се прецизира во Финансискиот план.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




