15 Декември, 2025
0.0313

РКЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОМЕНИ КАЈ ЦЕНИТЕ ЗА ПРЕНОС И ДИСТРИБУЦИЈА НА СТРУЈА - по тендерот ќе се знае новата цена за домаќинствата

Објавено во: Економија, Македонија 12 Ноември, 2025 11:20

Добивај вести на Viber

До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел.

- МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот  ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања. 

По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи - објасни Бислимоски, кој присуствуваше на третата конференција на МАРЕС, посветена на структурирање на иднината на обновливата енергија. 

Не се очекуваат испади од мрежата

Од МЕПСО пак истакнаа дека не очекуваат испади во текот на зимскиот период. Велат дека инвестираат во континуитет и дека граѓаните треба да бидат спокојни. 

- Во контиунитет инвестираме, имаме и голем број на активни проекти кои во моментот се реализираат. Еден од нив е 110 киловолтниот далекувод Прилеп - Битола, во тек е продолжувањето на договорот за реализација на интерконекцијата меѓу Македонија и Албанија. 

Во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна енергија којшто треба да се инсталира во 400-киловолтната трафостаница Дуброво со којшто би се довеле во нормални граници на приликите во нашата држава. 

Покрај овие проекти, имаме аплицирано и за голем број грантови преку механизамот за инвестирање во Западен Балкан така што можеме да кажеме дека не само во сегашноста, туку и во преспектива ја планираме надградбата и инвестирањето во пресносната мрежа со цел да овозможивме непрекинато снабдување на граѓаните со електрична енегија - изјави Александар Пауноски од МЕПСО. 


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден