23 Јануари, 2025
0.4926

Роаминг на Балканот наскоро ќе биде минато?!

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Регулаторите од  Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија договараат да се укинат роаминг цените помеѓу балканските земји. Оваа инцијатива е поднесена пред два месеци, а се очекува да биде преточена во одлука и да стапи на сила од 1 јануари следната година. Во истата се вклучени и БиХ и Косово.

- Додека чекаме пред Европската комисија за прилагодување на нашите роаминг цени кон европските кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине. Tака ќе им овозможиме, патувајќи низ Балканот, максимално да ги користат мобилните телефони, истакна на денеска  пред состанокот со своите колеги од регионот Роберт Орданоски директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

Иницијативата ќе се спроведе со потпишување меѓудржавни договори кои ќе мора да бидат верифицирани и во парламентите на земјите. – Постапката во секоја од нив е веќе почната, со иницијативата се запознаени највискоите институции и премиерите. Се очекува епилогот од денешнот состанок, да видиме како тоа правно ќе го изведеме. Верувам дека најдоцна до Нова Година може да се усвои и од 1 јануари 2015-та да нема роаминг, додаде директорот.

Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, смс, интернет,… Ваквиот тренд во ЕУ е веќе пракса.

- Македонија уште во 2012 година побара да се вклучи во европскиот процес каде 28 држави немаат роаминг, но тоа оди многу споро иако сме ние прилично агресивни. Се уште нема епилог, а ги исполнивме сите барања. Затоа ние, девет држави од регионот, ќе го направиме тоа најпрво на регионално ниво, па кога Европа ќе биде подготвена да не прифати, ќе влеземе и таму, посочи Орданоски.

Според него, операторите негодуваат, но на АЕК и се најбитни корисниците, во земјава вкупно 2,1 милион.

На денешниот состанок ќе биде поздравено и пристапувањето на Албанија во Групата на независни регулатори како земја член и во Телото на европски регулаториза електронски комуникации како земмја набљудувач.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД