17 Декември, 2025
0.0486

Робертсон во 2001 го уверуваше Георгиевски, каква карма ќе му донесе на Заев?

Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 07:37

Добивај вести на Viber

Како што дипломатите и политичките аналитичари очекуваа Македонија доби мал дипломатски „буст“ пред клучните потези со кои ќе се знае дали ќе има конечен договор за спорот за името со Грција во наредниот период или преговорите целосно ќе пропаднат при неможноста другата страна да се вразуми и да престане со диктатите. Притисокот Македонија мора да го прави во НАТО каде во изминатите десетина години даде максимална поддршка и прикажа голем степен на воена мобилност. 

Таквите македонски придобивки одлично е што се афирмираат и со посетата на лорд Џорџ Робертсон, една од клучните фигури во воената 2001 година кога Македонија се спаси од поголеми судири и продолжи кон стабилизација. Интересно е што токму сега лордот Робертсон, поранешниот генерален секретар на НАТО повторно е во Македонија со цел да ни даде поддршка за членството во алијансата кое да потсетиме уверуваше дека е возможно додека премиер беше Георгиевски, но каква карма сега ќе му донесе на Заев.?

„Активностите на групата и на одделните нејзини членови кои оставија силни печати во нивната политичка и дипломатска кариера, ќе претставуваат и огромна поддршка и за нашите напори за изградба на демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија“ – рече во своето обраќање пред присутните премиерот Заев.

Тој, посебно го акцентираше пријателството на Република Македонија и НАТО кое трае веќе 22 години, и кое како што рече премиерот, „го помина тестот на времето“ докажувајќи ја способноста на Македонија да се адаптира на стандардите на алијансата, применувајќи ги критериумите на НАТО алијансата.

„ Република Македонија направи квантен скок. Од заробена држава до обнова на демократија и владеење на правото. Владата на Република Македонија е со цврста одлучност и со силна политичка волја овој напредок да продолжи “ – истакна премиерот Заев.

„Сакаме 2018 да биде историска година за РМ, за регионот како и за НАТО и за ЕУ. Нашата цел е во 2018 да имаме историски успех – да ја добиеме поканата за членство во НАТО и да станеме 30-тата земја членка на Алијансата. Затоа ги вложуваме сите наши сили и напори да Република Македонија да се гледа како на кредибилен партнер во меѓународните односи. Затоа ја бараме поддршката од сите земји членки на НАТО и ЕУ и од пријателите на нашата земја“ – истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со Лордот Џорџ Робертсон.

Поранешниот Генерален Секретар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон, зборувајќи за оваа посета и конституирањето на неформалната група „Охрид“, рече дека повторно доаѓа во Македонија во време кога земјата ја креира својата иднина и просперитет.

„Ние сме еден вид на тинк-тенк, еден вид на извор на информации, знаење, засновано на нашето искуство. Ние не сме тука да преговараме, да договараме или да се мешаме во внатрешните работи. Ние сме тука како пријатели на Македонија. Нашите совети ќе бидат насочени кон премиерот Заев и коалициската влада, но ќе бидеме достапни и за опозицијата и за неговата екселенција, Претседателот на Република Македонија да работиме заеднички и да и помогнеме на оваа земја“ – рече на прес конференцијата Лордот Робертсон.

Неформалната група „Охрид“ во состав: Лордот Џорџ Робертсон, поранешен Генерален секретар на НАТО, Росен Плевнелиев поранешен претседател на Бугарија, Хавиер Солана поранешен Генерален секретар на НАТО и претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Карл Билдт - поранешен премиер на Шведска, Лордот Кристофер Гаидт, амбасадорите Роберт Гелбард од САД, Ален Ле Роа од Франција и Волфган Ишингер од Германија, Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет и Зоран Чичак, како што информираше премиерот Заев, ќе дава поддршка за процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ успешно да се заврши.

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето