19 Декември, 2025
0.0540

РОДИТЕЛИ ВНИМАНИЕ: Наместо на 4, вакцината Ди-Те-Пер децата ќе ја примаат на шест години

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2017 18:05

Добивај вести на Viber

Ревакцинацијата со вакцината Ди-Те-Пер децата ќе ја примаат на 6 наместо како досега на четири години, информираат лекарите.

Тоа се предвидува со новите измени во правилата за имунизација на децата, а д-р Јованка Костовска за Макфакс објаснува дека вакцината не е укината туку измената е како резултат на поливалентните вакцини.

„Со вовед на поливалентни вакцини Ди-Те-Пер во рамки на поливалентни вакцини беше Ди-Те-Пер ацелурална или вакцина која дава помалку несакани реакции. Бидејќи во европски рамки околу триесетина држави Ди-Те-Пер вакцината наместо на 4 ја даваат на 6-7 години комбинирана со инактивна полио, а второ СЗО вели дека треба да почнеме со имплементација наместо со орална полио вакцина со инактивна полио вакцина. Затоа одлучивме наместо на 4 години Ди-Те-Пер децата да ја примаат на 6 години како комбинирана Ди-Те-Пер ацелурална со инактвина полио вакцина“, вели Костовска.

Таа објаснила дека на овој начин, ќе има помалку несакани реакции кај децата, а се почитува и препораката на СЗО.

„Сите деца што до декември примиле ди-те-пер вакцина на 4 -годишна возраст по стариот календар, си продолжуваат со сите вакцини на 6-7 години. А сите деца кои што оваа 2017 година прават 4 години и кои што нема да ја примат Ди-Те-Пер вакцината кога ќе бидат на 6 години во 2019 година ќе си ја примат пак Ди-Те-Пер како комбинирана Ди-Те-Пер ацелурална комбинирана со инактивна полио“, појаснува докторката.

Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на 4-6 месечна возраст, потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 години , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години. Сега децата ќе бидат боцкани еднаш помалку.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината