Родителите на кои Боки13 им обезбеди топол дом останаа без децата
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2019 09:56
Институциите им го одземаа детето на родителите кои во 2016 година беа усреќени од Боки13 а причината за тоа како што информирале од Центарот за социјални работи во Свети Николе е груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите.
Експресна реакција следеше по приказната и видеото кои во јавноста ги пласираше Досие.мк а во кое јасно се гледаше дека татко тепа дете на немилосреден начин на автобуската станица во Штип.
Таткото кој беше подготвен да работи каква било работа со цел да обезбеди пари да изгради нова куќа и мајката која има дете со друг маж, откако добија стан пред три години од шоуменот кој сега е зад решетки Бојан Јовановски, останале без двете деца. Дека децата привремено им се одземени на родителите потврдуваат и од МТСП.
Сторијата за семејството Симонови oд Свети Николе ја обиколи земјава пред три години а тогаш на помош „притрча“ Бојан Јовановски. Тој на малиот Лука кој тогаш беше мало бебе му обезбеди топол дом, каде со родителите требаше да ја помине зимата додека неговите не изградат нова куќа како што ветуваше таткото.
Родителите на Лука тогаш беа пресреќни а Бојан Јовановски велеше дека бил вџашен од лошите услови за живеење на ова семејство.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




