Добивај вести на Viber
Јавниот оглас за Програмата за самовработување, завршува за три дена (на 15 февруари 2013 година).Сите подетални информации може да се најдат на линкот на
Агенцијата за вработување или пак, сите заинтересирани лица можат лично да се обратат во Работниот клуб на Центарот за вработување на Град Скопје.
Како што информираат од Агенцијата, со новиот оперативен план за активните програми и мерки за вработување се нуди широк спектар на можности за самовработување, обуки, преквалификации, како и можност финансиски да се подржат фирмите кои сакаат да вработат лица од различни целни групи.
Тоа може да бидат лица од 29 до 59 годишна возраст.
Инаку со цел подобра информираност на граѓаните, вчера во просториите на Општина Центар, се одржа информативна средба на која што од страна на претставници од Центарот за вработување на Град Скопје беа презентирани мерките и програмите за самовработување на невработените лица. На оваа средба беа присутни повеќе од 100 граѓани од општината од најразлични возрасти.