21 Мај, 2024
0.0429

РОКОТ НА УПОТРЕБА НА ФАЈЗЕР ВАКЦИНИТЕ ПРОДОЛЖЕН ОД ШЕСТ НА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - и кај нас може да се даваат „постарите“ вакцини

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжила рокот на употреба на вакцината на Фајзер Comirnaty од шест на девет месеци.

„Согласно извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови“, информираа од МАЛМЕД.

Оттаму додаваат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C.

Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД) оваа одлука ја има објавено јавно на својата веб страница во ноември 2021 година и за истата ги има информирано здравствените работници, премесува МИА.

Можеби ќе ве интересира

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка